Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Необврзувачкиот ОН договор за миграција денес се дебатира во Маракеш

0
By Нова ТВ on December 10, 2018 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, December 10, 2018 10:38

Претставниците на 159 земји од вкупно 193 членки на Обединетите Нации (ОН), денеска и утре ќе престојуваат во мароканскиот град Маракеш, каде се одржува Конференција на ОН за Глобален договор за безбедна, уредена и регулирана миграција.

На Форумот учествуваат најмалку 100 министри или шефови на влади, меѓу кои и германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на Грција, Шпанија и Португалија.

Во Маракеш допатува и белгискиот премиер Шарл Мишел чија што влада стана малцинска токму поради овој Договор. Од белгиската влада викендов излезе фламанскиот националистички партнер НВА. Партијата е противник на Договорот и ја напушти владата поради заложбата на Мишел да го потпише овој документ и покрај владината криза.

На меѓувладината конференција нема да има гласање или потпишување документи, туку Форумот претставува само официјална фаза од процесот почнат пред 18 месеци за зајакнување на меѓународната соработка со цел да се постигне безбедна, уредена и нехаотична миграција.

Глобалниот пакт за миграција беше усвоен во Њујорк во јули, но само две третини од 190-те земји што го потврдија, сега имаат претставник во Маракеш.

Необврзувачкиот текст ги формулира принципите, како заштита на човековите права, правата на децата, признавање на националниот суверенитет, и набројува предлози за помагање на земјите  кои се соочуваат со миграциите. Предлозите вклучуваат размена на информации и искуства, како и интеграција на мигрантите. Тој забранува произволни притворања, а апсење дозволува  како последно средство.

Италија, Австрија, Бугарија, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Естонија, Летонија, Швајцарија, Австралија, Израел и Доминиканската република одлучија да не испратат претставник во Маракеш.

САД се повлекоа од подготвувањето на Договорот со аргумент дека тој содржи одредби кои се спротивни на имиграциската политика на Доналд Трамп. Според дипломатите на ОН, во последните месеци САД биле исклучително активни во убедувањето на многу земји дека и тие треба да го споделат американскиот концепт за миграцијата. Овие активности биле насочени пред се кон Европа.

И покрај овие одбивања за присуство во Маракеш, специјалниот претставник на ОН за миграција Луиз Арбор изрази увереност во иднината на текстот, кој ќе биде предмет на конечната резолуција на ОН на 19 декември во Њујорк.

“Изненадена сум што имаше толку дезинформации околу овој Договор. Тој не донесува право за миграција и не наметнува никаква обврска за државите”, изјави Арбор синоќа во Маракеш.

Сепак, поборниците за човекови права сметаат дека Договорот е недоволен, особено за прашањето на пристап на мигрантите до хуманитарна помош и основни услуги, како и по прашањето за правата на работниците мигранти. Противниците на Договорот на него гледаат како охрабрување за нови бранови миграција.

Македонија е исто така потписник на овој Договор и денес во Маракеш отпатува и македонска делегација на ниво на државен секретар.

Договор за миграција Маракеш Обединети нации
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.