Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нешто падна од таванот – ужасни сцени од под урнатините во ноќниот клуб на смртта во Доминиканската Република

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2025 НАСЛОВНА, СВЕТ, ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 9, 2025 19:28

 

„Нешто падна од таванот“, вели човекот кој снима, додека прстот му се гледа како покажува кон покривот. На снимката може да се види Перез како гледа кон областа што ја посочи човекот. Помалку од 30 секунди подоцна, се слуша бучава и снимката станува црна, додека една жена извикува „Тато, што ти се случило?“.

Стотици спасувачи во Доминиканската Република продолжуваат да бараат преживеани од уривање на покривот во ноќен клуб во главниот град Санто Доминго.

Најмалку 124 лица загинаа, а повеќе од 150 се повредени во инцидентот, кој се случи во вторникот нешто пред 01  часот по локално време или05 часот по Гринич, во клубот Џет Сет.

Шефот на операциите за вонредни состојби Хуан Мануел Мендез процени дека на неговиот тим му остануваат „од 24 до 36 часа“ да се обиде да најде преживеани под урнатините.

Стотици гости беа во популарното место каде присуствуваа на концертот на пејачката Руби Перез.

Перез, како и поранешните бејзбол играчи од главната лига, Октавио Дотел и Тони Бланко, и гувернер на провинцијата се меѓу оние за кои е потврдена смртта.

На снимката од мобилниот телефон снимена во клубот, која е потврдена од Би-Би-Си, се гледа како Перез на сцената пее додека човекот што снима како зборува.

„Нешто падна од таванот“, вели човекот кој снима, додека прстот му се гледа како покажува кон покривот.

На снимката може да се види Перез како гледа кон областа што ја посочи човекот.

Помалку од 30 секунди подоцна, се слуша бучава и снимката станува црна, додека една жена извикува „Тато, што ти се случило?“.

Една жена држи фотографија од роднина исчезната на местото на урнатиот ноќен клуб Џет Сет во Санто Доминго,

Роднините со нетрпение чекаа вести за своите најблиски

Не е јасно колку точно луѓе имало во популарното место, но проценките се движат помеѓу 500 и 1.000 луѓе.

Вработените во итната помош урнаа еден од ѕидовите на клубот за подобро да стигнат до оние кои се уште се затрупани под урнатините.

Роднините очајни по веста за исчезнатите најблиски бдееја на местото на настанот.

Меѓу нив беше и ќерката на Перез, Зулинка, која е придружна пејачка во неговиот бенд меренге.

Таа опиша како била на сцената, пеејќи со нејзиниот татко кога се случила трагедијата.

Зулинка рече дека ја спасил нејзиниот сопруг кој ја заштитил со своето тело кога се урнал покривот велејќи и дека мора да се избори „да биде таму за нашиот син“.

Таа успеала да се извлече од под урнатините, а нејзиниот сопруг исто така излегол жив.

Нејзиниот 69-годишен татко, сепак, останал заробен со часови.

Според Зулинка, тој го преживеал колапсот и успеал да ги упати работниците за итна помош до неговата локација.

„Го најдоа како пее, тој почна да пее за да го слушнат“, изјави таа за локалните медиуми.

Но, околу 17 часот по локално време, повеќе од 16 часа откако се случила трагедијата, спасувачките екипи на местото на настанот ја известиле Зулинка дека нејзиниот татко починал.

Неговиот менаџер подоцна ја потврди неговата смрт.

 

диско доминиканска несреќа сцени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.