Откако САД го призна Ерусалим за главен град на Израел, премиерот на државата, Бенјамин Нетанјаху вели, очекува земјите од Европа да го следат тој пример и да го признаат Ерусалим.
По повеќе од 20 години на еден израелски премиер, Нетанјаху е во посета на Брисел.
Но она што сигурно нема да го израдува е ставот на европската шефица на дипломатијата, Федерика Могерини, која вели ставот за сега останува непроменет.
Според Нетанјаху, Ерусалим бил главен град на Евреите повеќе од 3000 години и Доналд Трамп само ги потврдил фактите.
„Верувам дека сите, или повеќето европски држави ќе ги префрлат своите амбасади во Ерусалим и ќе го признаат како главен град, а воедно ќе се залагаат за сигурност, мир и просперитет“, изјави Нетанјаху од седиштето на Европската Унија.
Неговата реакција воедно следи и откако Трамп им дал наредба на Американците својата амбасада да ја префрлат од Тел Авив во Ерусалим..
Но Могерини се чини се уште не е убедена дека тоа е правиот чекор.
„Веруваме дека единственото реално решение на конфликтот помеѓу Израел и Палестина е да има две држави со Ерусалим како заеднички главен град“, рече таа.