Кошаркарски резултат за категоријата „верувале или не“ доаѓа од Албанија. Мечот што е одигран на 1 април, но исходот не е првоаприлска шега. Тирана го понижи Фљамуртари со 207:42 (по четвртини: 47:9, 53:4, 63:9, 44:20).
Според извештај од натпреварот што го пренесоа албанските медиуми дури девет играчи од 11 во победничката екипа беа двоцифрени, а тројца од нив со преку 20 поени.
Тирана е лидер во кошаркарското првенство на Албанија и учесник во годинашното издание на регионалната БИБЛ лига. Екипата од главниот град на западниот сосед ја почна со Слободан Петровски на кормилото кој подоцна го наследи Црногорецот Никола Милатовиќ.