Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ни на докторите Обвинителството не им кажува што имало во гостиварската вода

0
By Zoran Ivanov on July 20, 2026 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 20, 2026 17:55

Ниту на докторите и на директорот на Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, Обвинителството и Институтот за јавно здравје не им кажуваат што имало во испитаните примероци од водата, иако резултатите се готови.

Директорот на болницата кардиологот доктор Емри Бајрами, на прашањето на „Слободен печат“ дали резултатите од завршените испитувања им се искомуницирани на докторите или на него како директор, одговори негативно.

-Нема ништо официјално. Читаме на портали и ние, ни рече доктор Бајрами.

Запрашан дали болницата независно од истрагата на Јавното обвинителство спровела свои испитувања, доктор Бајрами вели дека земени се примероци за копрокултура, ама резултатите не се готови.

Така впрочем, ниту лекарите во болницата „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар не знаат точно што лекуваат кога над 3 илјади луѓе им се јавуваат со симптоми на повраќање, дијареа, треска и истоштеност. И медиумите се оставени без официјални информации со кои здравствените власти располагаат, односно се стимулира атмосфера на шпекулации и неофицијално дознавање на информации. Од друга страна пак, на прес конференција во владата денеска беше порачано „граѓаните да се потпираат само на официјалните информации од институциите“ кои всушност ги нема барем во најважниот дел а тоа е што ја предизвика епидемијата во Гостивар.

Нашите прашања упатени кон директорот на гостиварската болница беа поради тоа што микробиологот професор доктор Никола Пановски, денеска изјави дека е кривично дело здравствените власти да не кажуваат извор на епидемија а да го знаат. Пановски посочи дека независно од Обвинителството и неговата истрага, ИЈЗ и микробиолозите и сите апарати во државата треба да се стават во функција на испитување примероци, копрокултури и да се открие што е изворот на заразата а не да се молчи и да се лишува јавноста од правото да знае, со изговор дека е предистрага.

Тоа е кривично дело. Замислете една ситуација: Лежи пациент во болница има некое труење. Болницата не ги направила тестовите по протокол, но ОЈО се сомнева во некој причинител и наредува да се направат лабораториски тестови. Потоа ОЈО не им ги кажува на докторите резултатите бидејќи трае истрагата, пациентот починува. Завршува истрагата и се покажува дека доколку докторите го знаеле причинителот, ќе му го дале на пациентот вистинскиот лек и ќе го спаселе. Секоја поврзаност со настанот во Гостивар е намерна – изјави Пановски за „Слободен печат“.

Тој додаде дека е запишан на Медицинскиот факултет од 1973 година и првпат слуша ваква како што ја нарече „глупост“.

Сме слушале многу глупости во времето на ковид, но ваков егземплар не сме слушнале уште. Во град од илјадници жители како Гостивар, водата според закон треба да се проверува барем еднаш дневно. Што прави ИЈЗ во врска со тоа? Зарем само испитувањата нарачани од ОЈО ги има? Кога има епидемија или голем број на случаи во болниците, тогаш епидемиолозите треба да земат примероци од болните и да се открие причинителот. Сега ни кажуваат дека зеле 12 примероци од 1.500 пријавени. Тоа е занемарлива бројка. Требало да земат барем 100 примероци од болните и да работат лабораториите да се испитува што се случува со пациентите. А не вака, да се кажува дека ОЈО нарачало и негово било да се кажат резултатите. А здравствените власти немаат свои примероци? Причинителот не се бара во водата, туку се бара внатре во организмот на пациентот. Така што спречување лекување пациенти е кривично дело бидејќи здравјето е на прво место, на второ место е што било друго – изјави Пановски за „Слободен печат“.

Како што објави „Слободен печат“, резултатите се земени од водата по наредба на обвинител, од 4 локации, покажуваат отстапување од нормалните параметри, испитувањата се правени споредени со референтната вредност на водата за пиење, а некои медиуми објавија неофицијални информации дека водата била загадена со фекални колиформни бактерии, а во еден примерок имало и зголемено количество хлор.

Инженерот Дејан Димовски, кој 21 година е вработен во ЈП „Водовод и канализација-Скопје“ и е советник од партијата Левица во Општина Ѓорче Петров на Фејсбук објави дека во водата биле пронајдени фекални колиформни бактерии со што се потврдувала техничката теза дека со пумпи била инјектирана фекална вода во водоснабдителниот систем на Гостивар. Потоа според него, зголеменото присуство на хлорот било со цел да се ублажи состојбата на присуството на фекални бактерии во питката вода.

Од друга страна пак, чудно е и што пред само 20 дена Центарот за јавно здравје Тетово издал официјален резултат потпишан од доктор дека водата во Гостивар е „добра“.

Извор: Слободен печат.мк

бактерии вода Гостивар обвинтелство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 20, 2026Updated:July 20, 2026

Привдена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани и двајца нејзини соработници

ВЕСТИ July 20, 2026

Приведена е директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини…

Њу Џерси: Аргентина – Шпанија 0 : 1 – Шпанија светски првак во фудбал

July 20, 2026

Иран се повлече од договорот со САД

July 19, 2026

Кочани: 47-ми Марш на Ангелите – одговорните не ги заштитиле младите животи

July 18, 2026
ТИКЕР

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога Албанија ќе стане членка на ЕУ

July 13, 2026

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.