Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов: Го терав градоначалникот да го каже она што е на снимката

1
By Нова ТВ on March 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, March 26, 2018 16:53

Премиерот Зоран Заев, како обвинет во случајот Поткуп, на денешното судско рочиште го испрашуваше сведокот Иван Николов, кој го обвинува за мито.

Николов во претходното сведочење истакна дека со Заев се среќавале само во неговиот градоначалнички кабинет, а Заев го праша дали е ова точно, набројувајќи неколку места на кои се среќавале.

Николов негираше, а Заев му посочи дека се сретнале во 2014 година пред Домот на АРМ и разговарале.

Заев исто така директно го праша Николов, дали за земјиштето од 7.000 квадрати кое ги купил му дал поткуп од 1, 2 или 3 евра, на што Николов одговори дека не му дал.

Заев го потсети Николов дека на снимката која е приложена како доказ, тој му посочува дека едно евро требало да даде за црквата, а за другито евро разговарале да не го донира во готово, туку да го даде преку градежен материјал, цигли, цемент и сл.

Тој рече дека за првото евро е точно, а за второто негираше дека разговарале како да го донира преку градежен материјал.

Сведокот појасни дека идејата со градежните материјали била на неговиот син, а не на обвинетиот.

Заев, исто така го потсети Николов и на нивниот последен телефонски разговор и го праша дали е вистина дека му рекол: Како не ти е срам со месеци, па и години да ме местиш. Имаш внуци, дедо си, не ли ти е срам? Дали некогаш си имал проблем со мене или моето семејство? Зошто по секоја цена се обидуваш да ме наместиш, го праша Заев.

Тој посочи и дека му рекол да го плати милионот и дека бил стар човек, па не му чини тоа што го прави.

Заев го праша и дали е точно дека од 2008 до 2013 се воделе истраги против него, па сега неговото сведочење е поврзано со истрагите, на што Николов потврди дека имало истраги, ама како што кажа биле отфрлени.

Судијката Добрила Кацарска која е дел од судечкиот совет во еден момент го праша Николов за средбите со Заев. Тој призна дека го наведувал Заев на одговорите што се дел од материјалите од ПИМ и дека снимката од ПИ мерките што била прикажана на телевизија не била целосна.

-Откако ја имав опремата од МВР јас кога ќе одев кај градоначалникот го терав да го каже она што го има на снимката, рече Иван Николов одговарајќи на прашање на судијката Кацарска. Судијката во еден момент додека се обидуваше да добие одговор до сведокот на некои прашања му рече:  „Не ми одговарајте како добро да сте ги научиле одговорите“.

Заев МВР Николов поткуп признание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.