Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николов во Поткуп:Кога бил во МВР да го пријави Заев го сретнал Чавков

6
By Нова ТВ on March 26, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На продолжението на рочиштето за „Поткуп“, каде премиерот Зоран Заев е обвинет за барање мито од струмичкиот бнизнисмен Иван Николов, во замена за давање на земјиште под закуп, сведокот Николов одговарајќи на прашања на адвокатот на Заев Филип Медарски рече дека на 19 декември 2013 година кога го пријавувал случајот во МВР, се видел со тогашниот директор на БЈБ Митко Чавков.

Како што раскажа Николов, додека се движел низ ходник во МВР со две лица Жарко и Влатко, за кои не кажа што функција имале, дошло до случајна средба со Чавков. Како што рече, се подотворила една врата и внатре бил Чавков кој му се обратил со зборовите: „Иво, што тука?“

Тој, како што рече, не му одговорил ништо, по што Чавков им се обратил на двете лица, велејќи им дека Николов е „најголемниот работник во Струмица“.

Николов денеска тврдеше дека тоа бил целиот разговор што го слушнал меѓу Чавков и двете лица и дека претходно немал средби со тогашниот директор на БЈБ , но го познавал.

Потоа Николов се потсети на еден случај од 1993 година кога во неговиот дом имало разбојништво, а Чавков тогаш бил инспектор во Струмица.

Прашан од Медарски дали, меѓу 19 декември до денес имало некаква средба со Чавков, Николов  рече дека побарал и имал средба со синот на Чавков кој се занимавал со гардежништво да му даде понуда за проект, а на една од средбите тој дошол со својот татко, односно со Митко Чавков. Тоа било во 2017 година, но не можеше точно да се сети кој месец. Прво наведе дека било во ноември, а потоа рече дека не можел да се сети на месецот, но дека годината била 2017.

Инаку, Медарски му предочи на Николов што кажал во записникот даден во Обвинителството на декември 2013 година, односно дека во него стои дека кажал дека му биле побарани по три евра за квадрат, сите за црквата, а не какошто Николов тврдеше денеска пред судот- дека се работи за едно евро за црквата, едно за Заев и едно за партијата.

Николов потврди дека потписот на конкретната страница каде е овој дел од записникот е негов, но тврди дека не кажал тогаш така.

Сведокот не одговори конкрентно ниту на прашањето дали на средбите со обвинителот во Струмица, за време на разговорите присуствувале и две лица од МВР кои тој ги споменува дека доаѓале.

Николов потврди дека во 2014 година бил повикан во ОЈО за гонење организиран криминал да даде уште еден исказ, по што Медарски го праша дали му било дадено да потпише веќе изготвен записник или прво дал нов исказ па потоа потпишал записник. Одговорот на ова прашање Николов треба да го даде по  паузата од 10 минути што ја даде судијата поради некој друг предмет.

Претходно судот одлучи денеска да не биде пуштена целосната снимка од ПИМ, се додека Основното јавно обвинителство не добие писмена одлука од судот. Обвинителството побарало одлуката за објавување на снимката да ја добие на писмено, бидејќи ќе се жали на повисок суд.

Причина за тоа е затоа што станува збор за ПИ мерки и заради заштита на сведокот.

Одбраната прво побара таа да ја слушне снимката за да може подготвена да го испрашува сведокот, но барањето беше повлечено откако вториот адвокат на обвинетиот Зоран Заев кажа дека тој веќе ја имал слушнато целосната снимка.

Заев Николов поткуп сведочење Чавков
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.