Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Мицкоски се однесува незрело, избори по 22 дена од вонредната состојба

0
By Нова ТВ on May 19, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, May 19, 2020 12:18

Од демократски, здравствен и економски аспект е неодговорно сега, кога стивнува епидемијата и кога се создаваат услови за одржување на избори, тоа да не го направиме, истакна генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски на гостувањето во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна“.

„Собранието се распушти и се беше подготвено за одржување на изборите, со подготвени листи и ждребување. И самиот претседател на Собранието, Џафери го има изнесено својот став дека Собранието не може повторно да се повика. Според сето тоа, нема никакви пречки изборите да бидат одржани 22 дена по завршување на вонредната состојба“, истакна генералниот секретар Николовски.

Во однос на натамошни средби и преговори со опозицијата, Николовски посочи дека токму заради неодговорното однесување на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, кои постојано купуваа време и бараа лидерски средби, постојано барање на изговори за одложување, не беше постигнат консензус.

„Препораките од сите институции од кои Мицкоски бараше став за да има храброст да излезе на избори ги доби. И од ОБСЕ и од ДИК и од Комисијата за заразни болести, Мицкоски ги доби вчера и сега нема веќе што да аргументира“, додаде Николовски.

Тој посочи и дека Мицкоски одел дотаму што барал невозможни работи како гаранција за нула број на новозаразени и починати, нешто што никој не може да го гарантира.

„Граѓаните го оценуваат однесувањето на Христијан Мицкоски како незрело и неодговорно и тоа го потврдуваат анкетите и истражувањата на јавното мислење и од таму е стравот од соочувањето со граѓаните. Мицкоски бара невозможни услови, бара гаранции дека ќе има нула заразени во јуни, а притоа бара избори во период кога и Светската здравствена организација и Комисијата за заразни болести предупредуваат дека постои опасност по отворањето на границите, кога ќе се зголемат патувањата да се зголеми опасноста од нов бран на коронавирусот. Гласањето ќе биде целосно безбедно, ние мора да имаме легитимни и функционални институции кои со целосна политичка одговорност ќе се справуваат со економските и здравствените предизвици. Ние како политичка партија и јас како шеф на Изборниот штаб ги преземаме сите активности веднаш по завршувањето на вонредната состојба да одиме на избори“, порача Николовски.

Со неодговорното однесување, ВМРО-ДПМНЕ ја носат државата во нова политичка криза, тоа нема да го дозволиме, заклучи Николовски.

вонредна состојба избори Љупќо Николовски СДСМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
shortcut
ФОКУС
June 13, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

ВЕСТИ June 13, 2026

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека Соединетите Американски Држави утре ќе потпишат нов договор со…

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026

Прилип: 60-ти „Војдан чернодрински“ – Гран при за МНТ за „Страв и надеж“

June 12, 2026

Трамп: Постигнавме одлично решение за војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.