Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски: Одолговлекувањето во Собранието е на штета на земјоделците

0
By Нова ТВ on April 4, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пратеникот од СДСМ Љупчо Николовски денеска предупреди дека одолговлекувањето на дебатата во Собранието со реплики и контрареплики е на директна штета на земјоделците, кои како што рече не го добиле субвенциите за ланската, но и за неколку претходни години.

– Итно мора да се овозможи формирање на новата демократска и реформска Влада којашто ќе го реши проблемот со исплатата на субвенциите на земјоделците. Егзистенцијата на илјадници земјоделци е сериозно загрозена затоа што несериозни кадри на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ги узурпираат иинституциите и си ја префрлуваат одговорноста а  ги користат процедурите како изговор, за да не им ги дадат субвенциите на луѓето коишто го имаат тоа заслужено, субвенции што им следуваат по закон, рече Николовски.

Николовски на прес конференцијата во Собранието потсети дека досега се сменија тројца директори на Платежна агенција, но исплатата на субвенциите не е започната.

-В.д. директорот на Платежната агенција, Игор Златков изјави дека има потпишано налози за исплата и дека субвенциите ќе бидат исплатени. Министерството за финансии, пак, известува дека немаат добиено комплетна документација со налози за да се изврши исплата, којашто ќе зависела од состојбата на трезорот и од тоа дали има или не пари во Буџетот, рече Николовски, додавајќи дека ова e безобразно поигрување со маката на земјоделците коишто трпат за леб.

Тој промовираше и дел од програмата на новата влада, според кој земјоделците ќе добиваат и зголемени субвенции: 30% повеќе за секое ново грло и 20% повеќе за секој нов хектар, потоа зголемени субвенции и за нафта, односно воведување и поевтината земјоделска, или зелена нафта.

– Земјоделците кои ги исполнуваат условите за паушално оданочување ќе беа ослободени од плаќање данок. Доцнат и реформите за младите фармери кои си заминуваат од земјава секој ден. Тие ќе добиваа државна поддршка при купување на прво стадо, ќе имаа зголемени субвенции и ќе беа ослободени од закуп на државно земјоделско земјиште и тоа можеби ќе ги предомислеше да не го напуштат семејството и да не го бараат излезот надвор од Македонија. Ова се само дел од мерките со што новата реформска Влада можеше веќе да им помогне на земјоделците, рече Николовски.

земјоделци Љупчо Николовски Собрание субвенции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.