Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Николовски со владин тим во Битола: Владата финансиски ќе им помогне на граѓаните што претрпеа штети од земјотресот, битна е што побрза проценка

0
By НОВА ТВ Balaban on January 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Неопходно е болницата веднаш да се стави во функција, и независно што градинките и училиштата се под локално ниво сметаме дека ние треба целосно да го финансираме тоа реновирање и битно е Комисијата и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да дадат што е можно побрзо проценка за да може брзо да се интервенира со финансиски средства од страна на ресорните министерства, изјави министерот Милевски
Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, денеска, з заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, пратеничката Бисера Костадиновска-Стојчевска и претседателот на владината Комисија за проценка и утврдување на висината на штетата од елементарни непогоди, Гоце Георгиевски во Битола одржаа координативен состанок со градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски во врска со состојбата од настанатите штети од земјотресот во Битола.

Вицепремиерот Николовски изјави дека Владата на вчерашната седница донесе повеќе заклучоци за заеднички да им се помогне на граѓаните кои претрпеа штети од земјотресот во Битола.

– Институциите мора да работат во служба на граѓаните, затоа сите правни, легислативни инструменти и механизми коишто законите ги даваат низ постапките и процедурите треба да ги спроведеме час поскоро се со цел да бидат работите вратени во нормала. Владата изрази целосна подготвеност да што побрзо бидат санирани сите штети, особено во јавните институции кои се важни за сите граѓани, за да може клиничката болница, останатите здравствени установи, образовните институции и градинките да функционираат. Во оваа прилика ја изразуваме целокупната поддршка да овој процес и низ овие маки и проблеми коишто ги осетија битолчани да знаат дека институциите, општината, Владата сите заедно стојат на иста страна со граѓаните и дека сето ова ќе биде надоместено од страна на општината и Владата, изјави заменик-претседателот на Владата Николовски.

Формирана е Комисија за проценка на штетите согласно Законот за заштита и спасување. Министерот за локална самоуправа Милевски изјави дека планирано е да се подели целиот процес за начинот на помош на два дела.

– Едниот дел е брза санација на јавните институции, бидејќи неопходно е болницата веднаш да се стави во функција, и независно што градинките и училиштата се под локално ниво сметаме дека ние треба целосно да го финансираме тоа реновирање и битно е Комисијата и Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија да дадат што е можно побрзо проценка за да може брзо да се интервенира со финансиски средства од страна на ресорните министерства, изјави министерот Милевски.

Рокот за пријавување на штетите од страна на граѓаните е до 26-ти јануари.

Градоначалникот Коњановски го поздрави присуството на владината делегација и стручниот тим од Владата и порача дека „Се информиравме меѓусебно за активностите кои ги презеде општината и формирањето на Комисијата за проценка на штетите од земјотресот и Кризниот штаб кој заседаваше. Од страна на министрите, зедоа обврска дека ќе помогнат, се согласивме дека заеднички треба да се делува и дека ќе помогнат во делот на нивните ингеренции“.

Во рамки на посетата на Битола, владиниот тим ги посети и дел од локациите кадешто се предизвикани штети од земјотресот.

Битола Владата граѓаните Николовски ќе помогне финансиски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.