Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нимиц гледа решение за името

0
By Нова ТВ on February 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Спорот за името меѓу Грција и Република Македонија веројатно ќе биде наскоро решен, констатира денеска Еуроњус, пренесувајќи интервју водено со посредникот на ОН во спорот, Метју Нимиц, снимено во Атина, објавува Дојче веле.

Во интервјуто Нимиц, одговарајќи на прашањата на новинарката Николета Критику, вели:

„Мислам дека прашањето на идентитетот за вашиот сосед на север е многу важно и решението не смее да го промени или повреди начинот на којшто тие се разбираат себеси. Секоја нација има идентитетско чувство и за секого би било тешко да прифати повредување на тоа чувство. Мислам дека е можно да се најде решение кое ќе ги задоволи двете страни“.

Нимиц натаму во разговорот уште додава: „Во мојот предлог се предвидени пет можности. Ставив јасно до знаење дека не мора да се остане само на тие пет можности и дека страните може да дадат и други предлози. Значи, во никој случај не сакав да ги спречам страните да размислуваат и за други можности.“

 

Во текстот на Еуроњус, чиј дел е и видеото со интервјуто со Нимиц, се објаснува и дека спорот за името трае од 1991 година и дека Грција му го блокира на соседот почетокот на преговорите за приклучување на ЕУ и членството во НАТО. На крајот се вели: „Дипломатите во Атина сметаат дека Нимиц ги предложил имињата „Нова Македонија“ во славјанска и англиска верзија (‘Nova Makedonija’ и ‘New Macedonia’), како и Горна- или Северна-Македонија (славјански: Severna- или Gorna-Makedonija)“, објавува денеска Еуроњус во текстот со наслов: „Грчко-македонски спор за името: Посредникот гледа решение“.

Грција Еуроњуз Македонија Нимиц решение спор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Жичницаа „Глорија“ во главниот португалски град излета од шините – најмалку 15 загинати

September 3, 2025

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.