Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги отфрли гласините за здравјето на претседателот Владимир Путин. „Знаете, претседателот Путин се појавува во јавноста секој ден. Можете да го видите на ТВ екраните, да ги читате неговите говори, да ги слушате неговите говори“, изјави Лавров за француската телевизија TF1.

„Не мислам дека ниту еден здрав човек може да види кај оваа личност знаци на некаква болест. Ова го оставам на совеста на оние кои шират такви гласини и покрај секојдневните можности да се осигураат кој како изгледа на овој свет“, рече Лавров.

Шпекулациите за здравјето на Путин кружат подолго време, а Кремљ често ги негира гласините дека тој е смртно болен, кои ескалираа до таа мера да се тврди и дека веќе е заменет со двојник.

Интервјуто беше поставено од Кремљ на својот канал на RuTube, руската верзија на YouTube.