Тетовските пожарникари во текот на ноќта интервенираа на две запалени возила во сопственост на електродистрибутивната компанија „ЕВН Македонија“.

„Околу полноќ голем број граѓани пријавија дека има запалени возила. Интервениравме на запалено возило на улица „Иво Рибар Лола“ и во станбениот комплекс Блок 70. По кратка интервенција двата пожари се локализирани и изгаснати, изјави Ука Алити, командант на Тетовската терирторијатла противпожарна единица.