Published: Tuesday, May 19, 2026 08:46
Русија ноќеска започна еден од најголемите напади во последните денови, насочен кон осум украински региони со десетици ракети и повеќе од 500 дронови.
Според локалните власти, повеќе од дваесетина цивили, вклучувајќи три деца, биле ранети во нападите, објавува „Еуроњуз“.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека властите регистрирале најмалку 524 дронови „Шахед“ од иранско производство и речиси дваесетина балистички и крстосувачки ракети истрелани од Русија преку ноќ од понеделник до вторник.
Според официјални лица, градот Днепар и околниот централен регион на Украина биле најтешко погодени.




