Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов напад на хакери низ целиот свет

0
By Нова ТВ on June 28, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 28, 2017 09:01

Масовни сајбер-напади се случуваа вчера доцна во денот, а компании од целиот свет беа погодени. Хакерите најсилно удриле во Украина, каде што биле зафатени банките и  аеродромот во Киев, но исто така проблем пријавија и Франција, Данска и САД.

Оштета пријави и британската рекламна агенција ВПП, како и руски и дански компании, а воедно и украинската Влада.

Главниот аеродром во Киев беше цел на т.н. „спам“, што значи дека мрежата е нападната со огромно количество информации заради попречување на серверите и компјутерите.

Слични напади во Русија пријавија компаниите Роснефт, Башнефт, Марс, Нивеа, Мондељез интернешнел, кои, како што велат агенциите, се погодени со вирусот „Петја“.

Напаѓачите бараат откуп од 300 американски долари во биткоини.

Биткоинот е криптовалута, создадена со цел да биде многу тешка за следење на корисниците што ја користат. Цената на еден биткоин на сајбер-пазарот во моментов изнесува околу 2.500 долари.

Швајцарскиот центар за извештаи и анализи соопшти дека вирусот „Петја“, кој од жртвите бара откуп за враќање на информациите, погодил компании во Украина, Русија, Англија и Индија.

„Петја“ вирусот е поинаков од вообичаените „ренсомвер“ вируси што се користат за напади во кои од корисниците се бара откуп за да се врати пристапот до фајловите.

Овој вирус  ги заклучува фајловите еден по еден, користи пониски структури на хард дискот за да го заклучи целиот систем.

 

биткоин сајбер напади хакери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.