Врховниот суд во Атина денеска треба да одлучува по жалбата за одлуката на Солунскиот суд за екстрадиција на поранешниот началник во УБК Горан Грујевски и неговиот колега Никола Бошковски.
Претходното рочиште, на 2 март, беше одложено бидејќи еден од адвокатите од грчкиот тим што ги брани двајцата поранешни разузнавачи, беше отсутен поради болест. На ова рочиште имаше преведувач од македонски на грчки јазик и обратно.
За Грујевски и Бошковски во Грција се водат три различни и меѓусебно неповрзани процеси: за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на солунскиот аеродром, барањето за азил поднесено на 29 ноември минатата година и за македонското барање за екстрадиција, за кој Советот на судии во Солун, на 5 јануари одлучи тие да бидат екстрадирани во Македонија.