Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов руски напад врз Украина – Полска подигна борбени авиони

0
By Zoran Ivanov on December 6, 2025 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, December 6, 2025 11:28

Русија изврши голем ракетен напад и удари со дронови врз украински градови, при што беа повредени најмалку три лица во Кијивската област.

Украинското воено воздухопловство соопшти дека руските сили лансирале ракети и десетици дронови кон градовите во околината на украинската престолнина.

Поради нападите, низ целата земја беа активирани аларми за воздушна опасност.

Дронови биле забележани и во Лавовската област на западот на земјата, додека Русија лансирала повеќе бранови напади.

Военото воздухопловство ја пријавило последната серија ракетни удари непосредно пред 7 часот по локално време.

Експлозии биле забележани во Полтава, Луцк, Одеса, Запорожје…

Гувернерот на Киевската област, Никола Калашник, соопшти дека 42-годишен маж бил повреден во градот Фастив, околу 60 километри југозападно од центарот на Кијив.

Украинските железници соопштија дека Русија извршила „масовно гранатирање на железничката инфраструктура“ во Фастив.

Калашник исто така соопшти дека две жени, на возраст од 46 и 40 години, биле повредени во Вишгородската област, северно од Кијив. Една од нив е хоспитализирана.

Градоначалникот на Луцк, Игор Пољишчук, соопшти дека повеќе складишта за храна биле зафатени од пожар.

Полското воено воздухопловство соопшти на социјалните мрежи дека подигнало борбени авиони за да го заштити својот воздушен простор за време на повеќечасовниот напад на западна Украина.

За потсетување, украинските дронови пред две вечери извршија напади врз клучни руски енергетски објекти, погодувајќи го морското пристаниште Темрјук во Краснодарскиот крај и нафтената рафинерија Сизран во Самарската област, пренесува „Кијив Индепендент“.

напад руски Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
shortcut
ФОКУС
August 6, 2026

Јаневска: Во септември ќе има 4.900 првачиња помалку од лани

ВЕСТИ August 6, 2026

Во септември ќе има околу 4.900 првачиња помалку од лани, рече денеска министерката за образование…

Украинците за прв пат користат роботи во борба: ги спуштија зад руските линии со дрон

August 4, 2026

Илинден 1903 – АСНОМ 1944

August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

August 1, 2026
ТИКЕР

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026

Уште двајца починаа од повредите во ресторан во главниот град на Русуија – експлозивот бил завиткан како роденденски подарок

August 2, 2026

Детали за експлозијата во главниот град на Русија – жена носела бомба, кој требало да биде убиен?

August 2, 2026

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.