Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нов трагичен ден во Италија: Ковид-19 однесе 793 лица во последните 24 часа

0
By Нова ТВ on March 21, 2020 ВЕСТИ
Фото: aljazeera.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, March 21, 2020 19:49

Смртните случаи од коронавирус во Ломбардија се зголемија за 546 во еден ден, а вкупно починаа 3.095 луѓе во најпогодениот италијански регион, соопштија денеска официјални лица. Тоа е најголемт скок за еден ден во Ломбардија од избувнувањето.

Бројот на заразени случаи во регионот, чиј финансиски центар е Милано, се зголеми од 3.251 на 25.515, според директорот за благосостојба на Ломбардија, Џулио Галера.

Неколку минути подоцна стигна загрижувачка бројка за цела Италија. Само во последните 24 часа починаа 793 луѓе, што значи дека денешниот ден е најлош од почетокот на ширењето на Ковид-19 во земјата. Новата стапка на инфекција е 6.557, што значи дека над 53,000 лица во моментот страдаат од симптоми на коронавирусот на Апенините. Вкупниот број на починати, пак, досега е 4.825 луѓе.

Затворен ресортот на Доналд Трумп

Мар-а-Лаго, омиленото луксузно одморалиште на Доналд Трамп на Флорида, целосно се затвори како дел од мерките против ширење на коронавирусот во САД. Во петокот вечерта членовите на клубот добиле порака во која се вели дека не можат да дојдат.

Тие не сакаа да потврдат во самиот клуб во одморалиштето има позитивни случаи на Ковид-19, туку само преку соопштение рекоа дека со нетрпение го чекаат денот кога ќе заврши пандемијата и клубот ќе продолжи со нормално функционирање.

Меркел останала без залихи

Германската канцеларка Ангела Меркел во петокот вечерта купила тоалетна хартија и три шишиња вино во продавница во центарот на Берлин, јавуваат денеска германските медиуми. Вработените во продавницата велат дека канцеларката е нивни редовен клиент.

Во германската престолнина има производи што повремено недостасуваат во продавниците, а тоалетна хартија се смета за посебен проблем затоа што луѓето ја купуваат френетично од почетокот на пандемијата на коронавирус.

На веб-страницата на весникот „Билд“ и „РТЛ“ се вели дека канцеларката ја наполнила својата корпа со, меѓу другото, цреши, сапун, вино и тоалетна хартија и дека плаќала со својата картичка на благајните.

Прв смртен случај од Ковид-19 во БиХ 

Прв смртен случај од коронавирус евидентираа денеска властите во БиХ во која има 93 заразени лица. Директорот на болницата во Бихаќ, Хајрудин Хавиќ, потврди за локалните медиуми дека жена на возраст од 76 години ја загубила битката со Ковид-19. Пациентката, која имала и хронична срцева болест, била хоспитализирана во многу сериозна состојба.

Властите во БиХ преземаат мерки во насока на ограничување на движењето на луѓе со цел да се спречи ширењето на заразата чиј епицентар сè уште е во областа на Бања Лука, но бројот на заразени лица расте секојдневно и во останатите градови.

Од 20 часот, во Република Српска се воведува полициски час, а слична мерка се разгледува и за целата Федерација на БиХ.

Скоро една милијарда луѓе ширум светот се ограничени да останат во своите домови поради коронавирусот, кој досега однесе повеќе од 11.000 животи, при што САД ја следат Европа и воведоа строги мерки за спречување на движењето на луѓето.

Милијарда луѓе во своите домови 

Пандемијата на коронавирус целосно го наруши животот на луѓето низ целиот свет со ограничување на движењето, затворање на училиштата и универзитетите и забрана за јавно собирање, а милиони се принудени да работат од дома.

Бројот на загинати надмина 11.000, вклучително и околу 4.000 во Италија, каде бројот на починати нагло се зголеми во текот на изминатата недела.

Околу 900 милиони луѓе во 135 земји се принудени да останат во своите домови, вклучувајќи и 600 милиони кои мора да ги следат наредбите на нивните влади кои целосно ги затворија своите земји.

Втора светска војна Европа Италија Коронавирус
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.