Ново телевизиско соочување меѓу лидерот на СДСМ, Зоран Заев и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Дуелот е закажан за вечерва во 20.15 часот на МТВ 1.
Ова ќе биде трет ТВ дуел на Заев и Мицкоски пред предвремените парламентарни избори. Лидерите на најголемите политички партии во земјата претходно ги спротивставија ставовите на ТВ Канал 5 и на ТВ 24 вести.