Масивен украински напад со беспилотни летала и ракети врз руското пристаниште Новоросијск оштети два главни терминали за извоз на жито и ја погоди последната голема поморска база на Русија на Црното Море. Локалните власти потврдија дека три лица се убиени, вклучувајќи едно осумгодишно дете, а 24 се повредени во нападот што се случил ноќеска, објави Би-Би-Си.Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев започнал координирана операција со употреба на ракети, воздушни и морски дронови за да ја нападне руската база. Тој не ги спомена терминалите за жито во својата изјава. Украинската војска подоцна соопшти дека четири руски воени брода, вклучувајќи две фрегати, биле погодени, тврдење за кое Русија не коментираше.
Окупациската флота и целата инфраструктура што ја поддржува нема да бидат безбедни сè додека продолжува руската агресија, рече Зеленски на социјалните медиуми. Поголемиот дел од руската црноморска флота е базиран во Новоросијск, едно од најголемите пристаништа на Русија.




