Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НОВА дознава: Кои ќе бидат новите потпретседатели на СДСМ

0
By Соња Петрушевска on August 22, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 22, 2019 12:41

Коста Петров познат  како автор на популарни книги за самопомош, Пи-ар експерт –  работеше во Кабинетот на Арбен Таравари кога беше министер за здравство и Нина Ангеловска – директорка на „Групер“ – фирма за продавање на производи на интернет ќе бидат новите потпретседатели на СДСМ, дознава НОВА.

Изборот на Петров и Ангеловска кои предизвикаа изненадување во јавноста поради фактот дека ниту еден од овие двајца млади луѓе досега не се занимавал со политика,  се очекува да биде потврден вечерва на седницата на Централниот одбор на партијата.

На вечерашната седница на Централниот одбор на СДСМ велат изворите на НОВА се очекува Нина Ангеловска – директорката на „Групер“ да биде предложена и за нов министер за финансии. Таа ја прифатила понудената позиција.

Ангеловска  е предложена за министер за финансии  по укажувањето од Антикорупциската комисија дека премиерот Заев не може да биде и претседател на Влада и министер за финансии.

Освен Петров и Ангеловска за потпретседател на СДСМ ќе биде предложена и министерката за труд Мила Царовска – една од најпопуларните министерки во Владата на Заев.

За потпретседатели ќе бидат предложени и министрите Оливер Спасовски и Дамјан Манчевски и пратеникот Мухамед Зеќири, кои и досега ја извршуваа функцијата – потпретседател на партијата.

Фросина Ременски  која беше во високото раководство на Меѓународниот сојуз на Боки 13, а која беше потпретседател на партијата, нема повторно да биде предложена за партиска функција.

И градоначалниците на Скопје и на Штип, Шилегов и Бочварски кои исто така беа потпретседатели нема да бидат повторно именувани.

По завршувањето на претседателските избори и најавена чистка, Заев ги смени сите претседатели на општинските организации и партиските потпретседатели. Во меѓувреме  именуваше околу 40 нови претседатели на општинските организации, а беа избрани и 16 нови членови на Извршниот одбор.

потпретседатели СДСМ Централен одбор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.