Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова инфаркт победа на ракометарите: Македонија во втор круг на ЕП

0
By Нова ТВ on January 15, 2018 СПОРТ
Фото: cro2018.ehf-euro.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Македонија ја совлада Црна Гора со 29:28 во второто коло во групата Ц и се промовира како сигурен патник во главната фаза на 13. Европско првенство во ракомет во Хрватска. И вечерашните два бода беа осигурани во неизвесна завршница како против Словенија за многу помотно дочекување на последниот настап во „Загрепска арена“ во среда од 18,15 часот против Германија. Во случај на триумф, тогаш составот на Раул Гонзалез ќе се пресели во Вараждин со четири бода и максимален ефект по првиот круг што и нема да чуди ако се има предвид тешко изборениот бод на Германците против Словенија (25:25).

„Имаме четири бода. Второто полувреме беше многу подобро, одбраната и нападот. Сите бевме супер, имавме трпение“, беше првичниот коментар на селекторот Раул Гонзалес.

Филип Миркуловски во најавата за мечот предупреди дека Црногорците не смеат да се потценат алудирајќи на нивниот лесен пораз од Германците во првото коло. Дека извонредниот среден бек на македонската репрезентација беше во право се покажа на дело. Црногорците беа одличен ривал во воведните 30 минути што ги решија во своја корист со 16:15.

Но, сликата на теренот се смени во полза на Македонија во продолжение на средбата. „Црвено-жолтите“ заиграа полесно, го пронајдоа својот ритам, коригираа добар дел од пројавените пропусти во првиот дел и како резултат на тоа „побегнаа“ на плус четири во три ситуации за што најголеми заслуги одат на Филип Миркуловски, Филип Кузмановски и Филип Лазаров. Но, наместо мирен финиш, дозволија нова неизвесност за бодовите што за среќа заврши во нивна корист за што придонесе и голманот Ристовски чија интервенција при цепелинот на Црногорците значеше високо подигнати раце, гордо кренати глави, насмевки на лицата и паѓање камен од срцата.

„Можеби во јавноста не го зборевме тоа, стварно овој натрпевар знаевме дека ќе биде потежок од тој со Словенија, затоа што носи поголем притисок“, истакна Борко Ристовски.

Листата на стрелци во репрезентацијата на Македонија ја предводеше Филип Кузмановски со шест гола. Капитенот Кире Лазаров додаде четири колку и Дејан Манасков и Филип Миркуловски. Најефикасниот ракометар на средбата беше Црногорецот Чавор со шест гола.

ЕП во ракомет

Група Ц, 2 коло

Црна Гора – Македонија 28:29
Словенија – Германија 25:25

Табела: Македонија 4, Германија 3, Словенија 1, Црна Гора 0.

Идно коло: Македонија – Германија (среда, 18.15 ч.), Словенија – Црна Гора (сред, 20.30 ч.)

Група Д, 2 коло

Чешка – Данска 28:27
Унгарија – Шпанија 25:27

Табела: Шпанија 4, Данска 2, Чешка 2, Унгарија 0.

Идно коло: Чешка – Унгарија (среда, 18.15 ч.), Шпанија – Данска (среда, 20.30 ч.)

Утре на ЕП 

Група А, 3 коло

Србија – Исланд (18,15 ч.)
Хрватска – Шведска (20,30 ч.)

Табела: Хрватска 4, Шведска 2, Исланд 2, Србија 0.

Група Б, 3 коло

Франција – Белорусија (18,15 ч.)
Норвешка – Австрија (20,30 ч.)

Табела: Франција 4, Норвешка 2, Белорусија 2, Австрија 0.

ЕП во ракомет Македонија Црна Гора
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.