Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова сезона во Серија А: Рома-Лацио во 7 коло, Милан-Интер во 9 коло

0
By Нова ТВ on July 26, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Италија сè уште е под импресии од трансферот на Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Јувентус, а во фудбалската федерација вечерва со ждрепка е изготвен и распоредот на натпревари за сезоната 2018/19 во Серија А. Новата трка за „Скудето“ започнува на 18 август и ќе трае до 26 мај догодина. Првата полусезона ќе финишира на 29 декември, втората ќе почне на 20 јануари. Улогата на бранител на титулата ја има „старата дама“, овојпат драстично засилена со ангажманот на португалската ѕвезда.

Во премиерата во новата сезона ќе играат Аталанта – Фросиноне (сабота, 18 август, 18 ч.), а вечерниот термин е резервиран за мечот Болоња – СПАЛ. Колото ќе биде комплетирано наредниот ден (недела, 19 август) во веќе вообичаените термини (12,30 ч., 15 ч., 18 ч. и 20,30 ч.). Мечеви низ шампионатот ќе има и во понеделник од 20,30 ч.

Дербито на првото коло е на „Олимпико“ меѓу Лацио и Наполи, а Роналдо во дресот на Јувентус ќе дебитира на гостувањето во Верона против истоимената екипа. Со гостински настапи во првенството ќе влезат и Интер и Рома, екипи кои се вбројуваат меѓу аспирантите за титулата. „Нероазурите“ ќе излезат на мегдан на Сасуоло додека „волчицата“ ќе игра со Торино. Џенова, пак, на Горан Пандев ја очекува натпревар на „Сан Сиро“ против Милан.

Фокусот во второто коло ќе биде насочен на два стадиона – на „Јуве арена“ ќе допатува Лацио додека Наполи ќе биде домаќин на Милан. Третото коло ја носи пресметката меѓу Милан и Рома во Милано.

Фото: twitter

„Дерби дела капитале“, односно, фудбалската битка за Рим меѓу Рома и Лацио е во седмото коло, „дерби дела мадонина“ или дуелот меѓу Милан и Интер е во деветтото коло, „дерби дела Италија“, т.е., средбата на Интер и Јувентус е во 15. коло на „Џузепе Меаца“.

Удинезе е единствен, барем засега, од италијанските прволигаши кои во новото првенство ќе влезе со странец на клупата. Кормилото на тимот од Удине му е доверено на Хулио Веласкез кој го наследи Хрватот Игор Тудор. Со нови менаџери во сезоната 2018/19 ќе влезат и Наполи (Карло Анчелоти на местото на Маурисио Сари), Болоња (Филипо Инзаги на местото на Роберто Донадони), Калјари (Роландо Маран на местото на Диего Лопез) и Сасуоло (Роберто де Зерби на местото на Џузепе Јакини).

Серија А

Двојки за 1 коло (18/19 август)

Аталанта – Фросиноне

Болоња – СПАЛ

Верона – Јувентус

Емполи – Калјари

Лацио – Наполи

Милан – Џенова

Парма – Удинезе

Сампдорија – Фиорентина

Сасуоло – Интер

Торино – Рома

Дерби Ждрепка Сезона 2018/19 Серија А фудбал
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.