Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нова ТВ дознава: Влатко Костов за претседател на ФФМ преку ОФС Тетово

0
By Нова ТВ on August 11, 2018 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Влатко Костов е првиот и засега единствен кандидат за наследник на Илчо Ѓорѓиоски во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Нова ТВ од свои извори ексклузивно дознава дека довчерашниот тренер на Ренова аплицирал за претседателската функција преку Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Тетово.

Вонредната изборна седница на Генералното Собрание на ФФМ, со одлука на УО од 31 јули, е закажана за 1 септември. Истата е свикана по повлекувањето на Ѓорѓиоски поради ангажман во УЕФА.

Костов како активен фудбалер играше за штипска Брегалница, за Локомотив Софија, за Пелистер и за Вардар. По завршување на кариерата беше тренер во Осогово, Саса, Куманово, Брегалница Штип во два наврата, Турново, Работнички, Ренова во четири наврати.

Во сезоната 2009/10 ја освои шампионската титула во домашното првенство со Ренова, екипа со која во 2012 година триумфира и во Куп на Македонија по победата над Работнички (3:1) во неговиот роден Штип. Во 2013 година и во 2014 година го предводеше саудиски Ал Раед.

Шест години (2003-2009) беше асистент во стручниот штаб на младата фудбалска репрезентација на Македонија, од 2009 година до 2011 година беше асистент и во сениорскиот тим чиј в.д. селектор беше во ремито (2:2) против Ерменија во Скопје во квалификациите за ЕП 2012.

Влатко Костов кандидатура ОФС Тетово претседател фудбал ФФМ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.