Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови инкубатори за предвремено родените деца на ГАК

0
By Нова ТВ on November 15, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, November 15, 2017 16:15

На Одделението за интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство пристигнати се 16 инкубатори со сите составни делови кои од денеска може да се користат. Инкубаторите се донација од Владата. Уште десет инкубатори ќе бидат доставени до болници и клиники низ Република Македонија, за да можат новороденчињата кои се во подбра задравствена состојба, да се транспортираат и лекуваат во местото на живеење.

Ова денеска го изјави премиерот Зоран Заев, кој по повод донацијата го посети Одделението за интензивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.

– Веруваме дека со оваа донација ќе придонесеме кон зголемување на квалитетот на грижата на предвреме родените новороденчиња. Во другите клиники низ Република Македонија ќе бидат доставени уште плус десет инкубатори и тоа во општите болнции во Штип, Тетово, Струга, Прилеп, Охрид, Куманово, Битола, Гостивар и Струмица, како и на Специјалната болница за гинекологија и акушерство Чаир во Скопје, истакна Заев.

Посочи дека грижата за новороденчињата е и ќе продолжи да биде еден од врвните приоритети на Владата и суштинска вредност во нашето работење.

– Македонија е земја со многу висока смртност на новороденчињата. Ако во минатото не се посветуваше доволно внимание на овој проблем денеска ја користат можноста да ги повикам сите општествени чинители, политички субјекти, институции, општествено одговорни компании, граѓански организации, граѓани заедно да работиме, да се бориме со овој горлив проблем за да ја промениме оваа состојба и да преземеме акции за заштита на здравјето и животите на граѓаните, рече Заев.

Додаде дека ваквите донации се пример дека можеме заедно и државата и приватниот сектор да придонесеме кон решавање и на најгорливите проблеми што ги мачат граѓаните.

Ламбро Патче од Пивара Скопје рече дека во пресрет на 17 ноември, Светски ден на предвремено родените деца дека одлучиле целосно да го обноват Одделението за за перипартална интензивна нега на оваа клиника.

– Нашата донација се состои од најсовремени болнички кревети, медицинска опрема и мебел, рече Патче и најави уште еден проект преку кој ќе им помогнат полесно да ја надминат здравствената заштита и помош на мајките и дечињата, дода Патче.

Директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство Викторија Јовановска за заблагодари за донацијата од Владата и од АД Пивара-Скопје. Посочи дека просторот и натаму ќе остане горлив проблем, бидејќи згрижуваат редовно околу 50 дечиња, а имаат место и персонал за 25 деца.

– Со инкубаторите кои ги набавија и за другите центри ние ќе можеме да се растеретиме односно дечињата кои се извлечени од критична состојба ќе се препраќаат назад кон матичните центри и ние ќе можеме тука да згрижуваме повеќе дечиња, додаде Јовановска.

Гинекологија Заев инкубатори Јовановска Пивара
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.