Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови кривични за екс градоначалникот Талески за набавка на нафта

0
By Нова ТВ on March 27, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 27, 2018 12:01

Секторот за внатрешни работи-Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талевски (59) за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.

Кривични пријави се поднесени и против тројца негови соработници  осомничени за „Несовесно работење во службата“: С.Б. (59), поранешен раководител на финансии и претседател на комисија за јавни набавки, М.К. (66.) правник во Oпштина Битола и член на Kомисијата за јавни набавки и С.П. (55), советник за образование во општина Битола и член на комисијата за јавни набавки.

Портпаролот на СВР Битола Сања Стаматова на прес-конференција информираше дека првопријавениот Талевски по завршување на претходен договор со П.П..ДОО за јавна набавка на екстра лесно масло за греење, односно во период од 25 октомври 2012 до 19 декември 2012 година ги пречекорил своите службени овластувања и без да се потпише анекс-договор, дозволил да се извршат набавки на масло за греење од П. П. ДОО и Е.Б. ДООЕЛ.

Исто така, посочи Стаматова, на 27 декември 2016 година повикувајќи се на стар договор со П.П.ДОО со важност до 1 декември 2016 година, без да се потпише анекс-договор, дозволил да се изврши набавка на уште 9.324 литри масло за греење од истото правно лице.

– Второпријавениот како претседател, а трето и четвртопријавениот како членови на комисија за јавни набавки во Општина Битола, во постапка за набавка на екстра лесно масло за греење на 17 декември 2012 година несовесно постапиле при вршење на својата должност,  иако биле свесни дека Е.Б. ДООЕЛ не доставил и не поседува лиценца од Регулаторна комисија на Република Македонија за трговија со сурова нафта, нафтени деривати, био гориво и горива за транспорт, изготвиле одлука за најповолен понудувач, врз основа на која првопријавениот донел одлука за избор и потпишал договор, рече Стаматова.

Со тоа, додаде портпаролката на СВР Битола, на Е.Б. ДООЕЛ му било овозможено да се стекне со противправна имотна корист. Со опишаните дејствија пријавените им овозможиле на двете фирми да стекнат противправна имотна корист од 44.870.702 или 729.604 евра.

Битола злоупотреба кривична нафта Талески
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.