Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови санкции за Пјонгјанг

1
By Нова ТВ on September 12, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Советот за безбедност на Обединетите нации гласаше за воведување дополнителни санкции врз Северна Кореја по шестата и најмоќна нукеларна проба што ја изведе на почетокот на овој месец.

Со деветата резолуција на Советот за безбедност што се однесува на санкциите врз Северна Кореја се предвидува забрана на извоз на текстилни производи од земјата и ограничување на увоз на сурова нафта.

За да се добие поддршката од Русија и Кина, резолуцијата требаше да претпри извесно ублажување. Во претходната верзија беше предложено целосно ембарго на нафтени производи за Северна Кореја.

Постојаната претставничка на САД во ОН, Ники Хејли изјави дека нејзината земја не сака војна со Северна Кореја, нагласувајќи дека Пјонгјанг „се уште не ја преминал онаа точка, од која нема враќање назад“.

– Доколку Северна Кореја се согласи да се откаже од нуклеарната програма, таа може да ја спаси иднината на земјата. Ако докаже дека може да живее во мир, светот ќе живее во мир заедно со неа, истакна Хејли, откако Советот за безбедност на ОН гласаше за нови построги санкции против Северна Кореја.

– Резолуцијата немаше да биде усвоена доколку не беа толку силни врските меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џипинг, додаде таа.

Кинескиот амбасадор во ОН Лиу Џиеји ја повика Северна Кореја да погледне сериозно кон очекувањата и волјата на меѓународната заедница и ги повика сите земји во конфликтот да ја зголемат самокотролата и да не ги зголемуваат тензиите.

Рускиот претставник Василиј Небензија нагласи дека неговата земја ги поддржува новите санкции против Пјонгјанг, бидејќи не ги прифаќа неговите нуклеарни амбиции и смета дека треба категорично да се реагира на последното нуклеарно тестирање.

Тој објасни оти Москва оценува дека мерките за финансиски притисок врз Северна Кореја практично се „исцрпени“, а понатамошните рестрикции би можеле да бидат еднакви на „обидот да се задуши“ економијата на земјата што може да предизвика голема хуманитарна криза.

Небензја изјави дека, игнорирањето на руско-кинескиот предлог за обновување на дијалогот со Северна Кореја, претставува „голема грешка“ на Советот за безбедност, наведувајќи дека усвојувањето на нови санкции наскоро ќе ги погоди невините цивили и нема да го намали финансирањето на нуклеарната и ракетната програма на Пјонгјанг.

Тој го повика генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш да помогне да се стигне до преговори, а не да се дејстува во санкции.

Пјонгјанг вчера им се закани на САД дека доколку инсистираат на дополнителни санкции, ќе се соочат со „страдање и болка“.

санкции Северна Кореја Совет за безбедност
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.