Откако Советот за безбедност при Обединетите нации воведе нови санкции против Пјонгјанг, лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун изведе нови вежби притоа со замислени таргети а помеѓу нив и Сеул – седиштето на соседот Јужна Кореја.

По мерките против нуклеарната програма на Ким Јонг Ун, воените вежби на Северна Кореја биле кон пет острови и институциите во Сеул.

„Ако настане војна, ваквите смртоносни удари ќе ги онеспособи јужнокорејските сили без да им даде шанса за возвратен удар“, рекол Ун, пренесуваат јужнокорејски агенции. „И никој нема да преживее“.

Јужна Кореја воведе еднострани санкции кон Пјонгјанг и забрани влез во земјата за сите странски експерти за ракети или нуклеарно оружје, а кои би можеле да се инфилтрираат за да му помогнат на Ким Јонг Ун.

По соседната Јужна Кореја, и Јапонија воведе санкции за Ким Јонг Ун. Според Токио, не смеат да се дозволат нови закани на Ким Јонг Ун.