Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нови „тигарки“: Цвијиќ, Радичевиќ и Лекиќ се селат во ЧСМ Букурешт

0
By Нова ТВ on February 17, 2018 СПОРТ
Фото: csmbucuresti.ro
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Супер трансфери во ЧСМ Букурешт“ е насловот на веста на официјалната интернет страница на романскиот клуб во делот на женската секција. Европскиот шампион од сезоната 2015/16 година ќе биде уште посилен од наредната. Ростерот на Данката Хеле Томсен ќе биде збогатен со три одлични ракометарки од ЖРК Вардар. Нови „тигарки“ (прекар на клубот) ќе бидат Јованка Радичевиќ, Андреа Лекиќ и Драгана Цвијиќ кои денеска беа промовирани пред тамошната јавност.

„Да се биде дел од најдобриот тим и да се игра покрај најдобрите е секогаш предизвик. Среќна сум. Моите амбиции се големи како и на клубот. Имав прилика да играм против ЧСМ Букурешт и можам да кажам дека беше тешко. Навивачите прават извонредна атмосфера што дополнително ја компликува работата за ривалите. Луѓето овде се луди по ракомет. Мислам дека ниту една гостинска екипа нема да се наигра во Букурешт“, истакна Црногорката Радичевиќ која во наредните две сезони ќе настапува во дрес со број 44.

Драгана Цвијиќ, пак, призна дека и лани била блиску до трансфер во ЧСМ Букурешт, а, сепак, одлучила да остане уште една сезона во ЖРК Вардар. Овојпат реши да ја прифати понудата од Романија во пакет со нејзините клупски колешки во „црвено-црниот“ дрес.

„Изборот на новата дестинација во кариерата ме прави среќна. Повторно ќе бидат дел од силен тим со највисоки амбиции. Амбиентот овде е неверојатен и презадоволна сум што ќе продолжам во средина што живее за ракометот. Моја цел е трофејот во Лигата на шампиони. Затоа и доаѓам во ЧСМ Букурешт. Убедена сум ќе успееме со оглед на составот со кој ќе располага екипата од наредната сезона“, рече српската репрезентативка, Цвијиќ, новата „седумдесетидвојка“ на тимот од романската престолнина, која потпиша едногодишен договор.

Задоволство од соработката со Букурешт не криеше ниту нејзината сонародничка и репрезентативна колешка, Андреа Лекиќ. Српскиот среден бек ја почна кариерата во МРК Белград по што почна интернационална кариера во Крим. Во Љубљана мина четири години (2007-2011), наредните две ги мина во Ѓер од Будимпешта (2011-2013) пред да пристигне во ЖРК Вардар, а сега се обврза на верност кон ЧСМ Букурешт до 2020 година.

„Ова е еден од најголемите клубови во Европа чија цел во секоја сезоната е титулата во Лигата на шампиони што се поклопува и со моите желби. Фактот што ќе продолжам да се надградувам покрај многу квалитетни ракометарки ме исполнува и прави среќна. Со добар дел од нив се познавам добро и сигурна сум дека ќе немам проблем да се вклопам во средината. Сум слушнала многу убави работи и за градот и нетрпение чекам да го запознам“, рече Лекиќ на промоцијата.

Цвијиќ, Радичевиќ и Лекиќ и официјално заминуваат од Скопје по завршување на оваа сезона, но трите се едногласни во размислувањата и намерите да се разделат со ЖРК Вардар како клупски шампионки на Европа.

Андреа Лекиќ Драгана Цвијиќ ЖРК Вардар Јованка Радичевиќ Ракомет (ж) трансфер ЧСМ Букурешт
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.