Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новинарката Менче Точи наградена за известување за бегалците

0
By Нова ТВ on June 20, 2016 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2016 22:31

Прогласени се победниците на „ Јавниот повик за доделување на награда за професионално известување за состојбата на бегалците при мешаните миграциски движења за 2015 година во Македонија”.

Првите три награди во категоријата емисија, прилог или краток документарец ги добија Зорана Гаџовска од Радио Слободна Европа, Милка Смилевска од Ал Џезеира и Менче Атанасова Точи од НОВАТВ. Во категорија напис или серија написи наградите ги добија Горан Адамовски од Утрински весник, Синиша Станковиќ од Гласот на Америка и Слободанка Јовановска од Утрински весник.

nagrada3 20 06 2016

Македонското здружение на млади правници во соработка со Здружението на новинарите на Македонија и Високиот комесаријат за бегалци при ОН -УНХЦР,  го направи изборот меѓу 110 пристигнати трудови. Во изборот одлучувачки бил целокупниот опус и следењето на проблематиката со бегалската криза во текот на цела 2015 година, рекоа организаторите.

Наградите беа доделени во присуство на бегалци кои се наоѓаат во нашата земја и голем број активисти вклучени во бегалската криза. Беше поставена и изложба на цртежи направени од бегалците. Воведно обраќање имаше Мохамед Ариф, претставник на УНХЦР во Македонија.

На 20 јуни се обележува Светскиот ден на бегалците. Преку 60 милиони луѓе се раселени низ светот, ниво кое што никогаш порано не било забележано од основањето на УНХЦР досега.

„Земјава покажа огромна поддршка за значителниот број бегалци и мигранти коишто поминаа низ регионот. За пофалба е како се справи со кризата, иако се работи за мал дел од бројот на бегалци коишто приморани од насилство и прогон се движат низ светот. Повеќе од 60 проценти се жени и деца, вклучувајќи и мали деца коишто патуваат сами или разделени од своите родители, на кои е потребно да им се посвети посебно внимание“, велат во УНХЦР.

бегалци награди новинари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.