Вредноста на биткоинот денеска се намали за речиси 8 отсто по извештаите за нов сој на коронавирусот, кој потенцијално е отпорен на вакцина. Тоа ги наведе инвеститорите да се ослободат од ризичните имоти во корист на безбедните засолништа, како што се државни обврзници, јен и долар.

Биткоинот се намали за 7,8 проценти и чини 54.377 долари, што е најниско ниво од 12 октомври.

Според научниците, новиот вид на коронавирусот, што беше откриен во Јужна Африка, во Боцвана и во Хонг Конг, претставува необична комбинација на мутации, што може да го направи отпорен на имунолошкиот одговор на телото или попренослив и заразен од Делта сојот.