Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија, г-ѓа Вероник Улман, му ги предаде акредитивите на претседателот Пендаровски

0
By НОВА ТВ Balaban on October 8, 2021 ПОЛИТИКА
Ambasadorka Svajc Veronik Ulman Pendar
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, October 8, 2021 14:04

Како мали повеќејазични земји без излез на море кои споделуваат тесни културни врски и размени преку значителната дијаспора, Северна Македонија и Швајцарија имаат многу заеднички интереси и можности за соработка, изјави амбасадорката Улман за време на средбата.

Новоименуваната амбасадорка на Швајцарија во Република Северна Македонија, г-ѓа Вероник Улман, денес му ги предаде акредитивните писма на претседателот на Северна Македонија Стево, Пендаровски.

„Чест ми е што сум акредитирана да служам како амбасадорка на Швајцарија во Северна Македонија и со радост очекувам понатамошно зајакнување на одличните односи меѓу нашите две земји. Како мали повеќејазични земји без излез на море кои споделуваат тесни културни врски и размени преку значителната дијаспора, Северна Македонија и Швајцарија имаат многу заеднички интереси и можности за соработка“, изјави амбасадорката Улман за време на средбата.

„Низ годините успеавме да постигнеме развој на динамични политички односи и како резултат на тоа нашата земја, денес, во Швајцарската Конфедерација гледа голем пријател и искрен сојузник во процесот на остварување на нашите надворешнополитички приоритети. Би сакал во идниот период да ги искористиме сите можности за натамошен развој на економските односи, имајќи го предвид потенцијалот на двете држави“, изјави претседателот Пендаровски за време на церемонијата.

„Еден од најбитните сегменти на билатералните односи се иселениците од Република Северна Македонија во Швајцарија. Нашата многубројна дијаспора е амбасадор на нашата традиција, обичаи и вредности, со што станаа моќен мост на поврзување на двете општества, двете земји. Преку културната, економската и технолошката интеракција и нишките кои ги спојуваат двете земји, стануваат позабележливи и уште подлабоки“, додаде Пендаровски.

Со хуманитарна помош Швајцарија во Северна Македонија е присутна од 1992 година. Дипломатските односи се воспоставија во 1994 година, а Швајцарската амбасада во Скопје беше отворена во 2000 година.

Амбасадорката Улман исто така ќе ја води Швајцарската програма за соработка во Северна Македонија во тесна соработка со Владата и институциите на Северна Македонија, граѓанското општество и приватниот сектор.

Актуелната цел на Швајцарската програма за соработка е унапредување на квалитетот на живот на граѓаните во Северна Македонија преку зајакнување на демократските институции и практики, промовирање одржлив и инклузивен економски раст и заштита на природните ресурси. Швајцарија додава вредност преку експертиза, финансиски средства и конструктивен ангажман со нејзините долгорочни партнери во Северна Македонија. Денес Швајцарија е најголемиот билатерален развоен партнер на Северна Македонија и останува посветена на стабилноста и просперитетот на земјата и нејзините граѓани.

акредитивните писма амбасадорка Вероник Улман Швајцарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.