Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Њујорк Тајмс“: Трамп ќе го менува Тилерсон со Мајк Помпео

0
By Нова ТВ on November 30, 2017 СВЕТ
Извор на фотографијата: Њујорк Тајмс
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, November 30, 2017 17:04

Американскиот претседател Доналд Трамп планира да го смени државниот секретар Рекс Тилерсон со актуелниот шеф на ЦИА, Мајк Помпео, објави „Њујорк Тајмс“.

Сенаторот од Арканзас, Том Котон би го заменил Помпео на водечката функција во ЦИА, пишува весникот, наведувајќи дека шефот на персоналот на Белата куќа, Џон Кели бил креаторот на овој план.

Во јавноста е познато дека односите меѓу Трамп и Тилерсон се нарушени изминатите неколку месеци бидејќи наводно Тилерсон во октомври на Трамп му рекол дека е морон.

По прашањата на новинарите, Тилерсон веднаш го отфрли ова како шпекулација.

Но и ако се погледнат ставовите на американскиот претседател и на шефот на американската дипломатија, се забележува дека двајцата можеби и не се во најдобра комуникација.

Тилерсон неодамна рече дека треба да се остане мирен по нуклеарние провокации од Северна Кореја, по што Трамп пак, познат по користењето на социјалната мрежа Твитер, објави:

„Му кажав на Рекс Тилерсон, нашиот прекрасен Државен секретар дека си го троши времето пробувајќи дека преговара со малиот човек-ракета. Зачувај си ја енергијата Рекс, ќе го направиме она што мораме“.

Тогаш во јавноста се појавија шпекулации дека амбасадорката на САД во Обединетите Нации, Ники Хејли ќе го замени Тилерсон, но таа минатиот месец изјави дека нема да ја прифати функцијата доколку и биде понудена.

„Њујорк Тајмс“ пишува дека Трамп се уште го нема одобрено планот, но дека се очекува истиот да биде спроведен кон крајот на 2017 година или во првите денови од 2018.

Доколку се случи тоа, Рекс Тилерсон ќе биде државниот секретар со најкратка кариера.

Доналд Трамп Државен секретар Мајк Помпео Рекс Тилерсон ЦИА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.