НАТО засега не е заинтересиран за прием на Украина во своите редови, бидејќи не сака да влегува во директен судир со Русија, изјави советникот на американскиот претседател за национална безбедност, Роберт О’Браен.
„Што се однесува до НАТО и Украина не мислам дека тоа сега е на дневен ред. Русија фактички е во судир со Украина. Не мислам дека за НАТО ќе биде привлечно да ја прими Украина во своите редови и да стапи во директен сидир со Русија“, рече О’Браен за време на безбедносниот форум во канадскиот град Халифакс.
Тој смета дека Западот не сака судир со Русија и дека НАТО е создаден да не го дозволи таквиот судир, пренесоа руски медиуми.
О’Браен истовремено потврди дека САД и натаму ќе ја поддржуваат Украина во нејзиното спротивставување на Русија.