Американскиот претседател Барак Обама ја продолжи за една година извршната наредба издадена на 26.јуни 2001 година со која се прогласува национална опасност во однос на Западниот Балкан, согласно ингеренциите на Претседателот да се справи со невообичаени закани по националната безбедност и надворешна политика на САД, од луѓе кои поддржуваат, финансираат или подготвуваат екстремно насилство во Македонија или другите земји од Западен Балкан.

– Дејствувањето на луѓе кои се закана за мирот и меѓународната стабилност во Западен Балкан, вклучувајќи и екстрмистичко насилство и опструкции, продолжуваат да претставуваат невообичаена закана за националната безбедност и надворешна политика на САД. Поради ова, одлуката донесена на 26.јуни 2001 година мора да продолжи и по 26.јуни 2016. Ја продолжувам одлуката за една година, стои во декларација со потпис на Барак Обама.