Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обама: Трамп не е квалификуван за претседател

1
By Нова ТВ on August 2, 2016 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 2, 2016 20:06

Барак Обама остро го критикуваше денес републиканскиот кандидат за претседател ма САД Доналд Трамп.

“Тој е многу лошо подготвен за оваа функција. Не е квалификуван за да биде претседател”, рече Обама на прес конференција во Вашингтон.

“Истото го реков и минатата недела. Тој постојано тоа го докажува”, инсистираше Обама потсетувајќи на јавните критики за контроверзниот Трамп околу родителите на еден американски војник загинат во Ирак во 2004 година.

Родителите на овој војник беа поканети на конвенцијата на која Хилари Клинтон беше именувана за демократски кандидат за претседател на САД.

Таткото и мајката на војникот со пакистанско потекло излегоа на говорницата и упатија критика до Трамп. Пред портретот на нивниот син таткото изјави “вие Доналд Трамп, ништо не сте жртвувале, вие никого не сте загубиле”, рече таткото прашувајќи го Трамп дали го читал американскиот Устав.

Овој говор одекна како бомба низ државата која во овие родители виде ужалено семејство. Но, Трамп не го делеше овој впечаток и во родителите виде еден муслиман и негова жена која не смее да зборува:

“Ако ја погледнете жената која стоеше до него, ќе видите дека таа немаше што да каже. Најверојатно и било забрането да зборува”, коментираше Трамп во едно интервју.

На ова одговори мајката на војникот:

“За мене е многу тешко да зборувам… Доналд Трамп има деца кои ги сака. Дали навистина треба да се прашува зошто не зборував?”, напиша таа во колумна во Вашингтон Пост.

За Обама е неприфатливо да се критикува на овој начин семејството кое “направило огромна жртва за оваа земја”.

Актуелниот претседател додаде дека Трамп прави големи грешки и покажува основно незнаење за Европа, Блискиот Исток и Азија “што значи дека не е подготвен за оваа функција”.

Обама упати критика и до лидерите на републиканската партија кои го поддржуваат Трамп:

“Има моменти кога треба да се каже – доста”, рече Обама и ги запраша републиканците: “Зошто се уште го поддржувате? Што покажува тоа за вашата партија и нејзиниот претставник?”

Обама Трамп
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.