Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР го објави Периодичниот извештај за предизборниот период

0
By Нова ТВ on May 13, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, May 13, 2016 14:50

Набљудувачката мисија за избори на ОБСЕ/ОДИХР во Македонија денеска го објави Периодичниот Извештај кој го опфаќа периодот од 31 март до 19 април. Во него се констатира дека по распишувањето на предвремените парламентарни избори на 15 април, за 5 јуни, главната опозициска партија најави бојкот поради тоа што не се исполнети клучните услови од Договорт од Пржино – прочистувањето на избирачкиот список, реформите во медиумите и одвојувањето на партиските од државните активности.

Набљудувачката мисија констатира дека „политичката клима се влоши по 12 април, кога претседателот Иванов ги помилува сите обвинети, лица под истрага и лица осомничени за вмешаност во т.н. „скандал со прислушувањето“, а сите поголеми политички партии го осудија помилувањето и го повикаа Претседателот да ја отповика својата одлука“.

Во Извештајот се истакнува и дека ДИК, која е главен носител на на обврската за одржување на избирачкиот список „работи во напната политичка атмосфера и нивните долги седници привлекуваат значително внимание од медиумите“.

-Точноста на избирачкиот список останува како едно од најспорните прашања во актуелната политичка криза…Во февруари, ДИК започна со прочистување на избирачкиот список преку вкрстена проверка на базите на податоци од 11 институции, како и преку спроведување на теренски проверки. 13 Соговорниците на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР изјавија дека процесот бил сложен, методолошки тежок како и дека се потребни големи ресурси…На 15 април, ДИК донесе одлука дека се подготвени за спроведување на „фер и демократски избори“. Претседателот на ДИК и двајца претставници на опозицијата одбија да учествуваат во гласањето, констатира ОБСЕ/ОДИХР во Извештајот.

Во однос на слободата на медиумите, во периодичниот извештај на ОБСЕ се наведува дека „соговорниците на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост за опаѓање на медиумската слобода поради политички притисок и мешањето на сопствениците во работата на новинарите. Тие, исто така ја нагласија потребата од суштински реформи. Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите исто така ги повика властите „да го намалат притисокот врз медиумите и да ги почитуваат слободните и критички настроените гласови“.

– Додека законската рамка овозможува рамноправен третман на политичките партии од страна на медиумите, повеќето соговорници на НМИ на ОБСЕ/ОДИХР изразија загриженост за влошувањето на слободата на медиумите поради политичкиот притисок и мешањето на сопствениците на медиумите во работата на новинарите. Тие, исто така, ја нагласија потребата од суштински реформи. На 4 април, Собранието ги отфрли предлог- амандманите за законската регулатива за медиуми, предложени од страна на здружените организации на граѓанското општество, се наведува во Извештајот.

На официјална покана и врз основа на препораките на Мисијата за проценка на потребите, спроведена од 2 до 5 ноември 2015 г., Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции ичовекови права (ОБСЕ/ОДИХР) на 31 март воспостави Набљудувачка мисија за избори (НМИ), за набљудување на предвремените парламентарни избори на 5 јуни.

НМИ, на чело со амбасадорот Јан Петерсен, ја сочинува главен тим од 12 члена, со седиште во Скопје, и 24 долгорочни набљудувачи (ДН), кои беа распоредени низ целата земја на 13 април. Членовите на Мисијата се избрани од 21 земја-учесничкa на ОБСЕ. Од земјите-учеснички беше побарано да испратат 300 краткорочни набљудувачи за набљудување на дејствијата на денот наизборите.

избори Извештај ОБСЕ/ОДИХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.