Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР ја започнува набљудувачката мисија за предвремените избори

0
By Нова ТВ on March 31, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, March 31, 2016 15:33

Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) денес официјално ја започнува Набљудувачката мисија за избори (НМИ) за предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни.

Мисијата е предводена од амбасадорот Јан Петерсен и се состои од главен тим од 12 експерти, со седиште во Скопје, и 24 долгорочни набљудувачи, кои ќе бидат распоредени низ целата земја, во тимови по двајца, започнувајќи од 13 април.

Дополнително, ОДИХР ќе побара земјите-членки на ОБСЕ-ОДИХР да обезбедат 300 краткорочни набљудувачи. Краткорочните набљудувачи ќе пристигнат неколку дена пред денот на изборите.

Мисијата ќе ја оценува усогласеноста на овие избори со заложбите на ОБСЕ и другите меѓународни обврски и стандарди за демократски избори, како и со домашните прописи.

Набљудувачите внимателно ќе ги следат регистрацијата на кандидатите и гласачите, активностите во кампањата, работата на изборната администрација и соодветните владини институции, изборната регулатива и нејзината имплементација и решавањето на изборните спорови.

Како дел од набљудувањето, Мисијата исто така ќе го следи и известувањето на медиумите за кампањата.

Во текот на набљудувањето, Мисијата ќе оствари средби со претставници на државните власти, политичките партии и кандидатите, и со претставници на граѓанскиот сектор, медиумите и меѓународната заедница.

На денот на изборите набљудувачите ќе го следат отворањето на гласачките места, гласањето, пребројувањето на гласачките ливчиња и сумирањето на резултатите.

На денот на изборите, Набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР ќе ги здружи своите напори со делегациите на Парламентарното собрание (ПС на ОБСЕ) и Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ).

Мисијата ќе објави два периодични извештаи во текот на својата работа. На прес- конференција, на денот по изборите, ќе биде објавена изјава за првичните наоди и заклучоци.

ОДИХР ќе објави конечен извештај за набљудувањето околу осум недели по завршувањето на изборниот процес.

5.јуни Влада избори ОБСЕ ОДИХР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.