Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ОБСЕ/ОДИХР со оценка на изборите: Изборнот ден беше мирен, главните партии со системска предност, неопходна е реформа на изборниот процес

0
By Sashko on October 18, 2021 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, October 18, 2021 17:42

Првиот круг на седмите локални избори минал мирно и со почитување на основните права, меѓутоа неопходни се реформи, е оценка на ОБСЕ/ОДИХР по вчерашното гласање во земјава. Набљудувачите на мисијата нотирале присуство на натпреварувачки дух, но и проблеми со фингерпринтерите, апарати што за првпат се користеа во изборен процес во земјава.

Изборниот ден беше мирен, со почитување на основните права и слободи и со натпреварувачки дух. Главните парламентарни партии имаат системски предности во распределување на ресурсите, меѓу другото и за медиумите. Кампањата се водеше слободно, но на моменти беше присутна ки негативна реторика кон жените кои не беа соодветно застапени, рече Тана де Зулуета, шефица на набљудувачката мисија на ОБСЕ/ОДИХР.

Забелешки за недоволната застапеност на жените се однесува особено меѓу кандидатите за градоначалници.

Меѓу кандидатите за советници имаше 45 проценти жени. Некои од беа и носители на листите, меѓутоа кај кандидатите за градоначалници само 25 беа жени од вкупно 312 или само осум отсто, нагласи Зулуета.

Набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР, кои ги имаше вкупно 165 од 29 земји, нотирале и случаи на семејно гласање, како и проблеми со тајноста на гласањето, што ги окарактеризираа како изолирани, но, сепак, присутни.

Забележани се проблеми и со тајноста на гласањето, како и случаи на мешање во броењето. Сите проблеми беа предизвикани од претставници на кандидатите, рече Зулуета.

Во оценката на ОБСЕ/ОДИХР за вчерашниот изборен ден и за пројавените проблеми со фингерпринтерите, немањето доволно истраги за пријавите за заплашување, а се истакнаа и нејаснотии во законодавството за решавање на изборни спорови.

Во тој контекст, Де Зулуета ја нагласи потребата од реформирање на изборниот процес за што, паралелно треба да има и јавна дебата.

локални избори 2021 Македонија ОБСЕ ОДИХР оценка Тана де Зулуета
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Изборен молк во Србија: Тензична атмосфера пред гласањето в недела

October 23, 2026

Кои се 10-те најмоќни економии во светот во 2026 година?

October 23, 2026

Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

Ризик од нов бран поскапувања на храната: Што може да се очекува во 2027 година (ИНФОГРАФИК)

October 21, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.