Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинети за 27 април со проглас: Време е за помирување и одење напред

0
By Нова ТВ on October 20, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, October 20, 2018 18:28

Во овие исклучително емотивни и сложени моменти за напатениот македонски народ, должни сме да не ја премолчиме бурата што ја прелетува јавноста по гласањето во Собранието. Имено, ние, како обвинети во случајот за 27 април и како докажани патриоти и бранители на ова парче македонска земја, должни сме овие случувања да не ги премолчиме.

Прво, поради фактот што директно сме споменувани во периодов кој помина, а и ќе бидеме во периодот кој следува. Второ, напоменуваме дека во овие времиња, македонскиот народ мора да го води исклучиво здравиот разум. Трето, бидејќи речиси сите тука сме членови или симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, исто така чувствуваме потреба да ги коментираме постапките на партијата, со надеж дека нема да бидеме исклучени од истата.

Затоа испраќаме до јавноста, а поготово до членството на ВМРО, неколку апели. Браќа и сестри Македонци, нашиот проглас е следен:

  • Поддршка по секоја цена да бидат прифатени уставните амандмани поставени како услов од 8-те пратеници на опозицијата кои гласаа со „ЗА“.
  • Нема отстапка – да се гарантира МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ!
  • ВМРО-ДПМНЕ да остане обединето и прогресивно бидејќи силата е во широчината на фронтот. Колку повеќе сме, толку нескршливи сме.
  • Го повикуваме ИК на ВМРО-ДПМНЕ да ја преиспита одлуката на Претседателот Мицкоски за исклучување од партијата на пратениците.
  • Под итно да престанат нападите на пратениците затоа што тие се наши браќа по крв и род. Со нив ги делевме ладните и мрачни ќелии во затворот Шутка- не заборавајте го тоа.
  • Од наш субјективен видик, тие се браќата со кои се уште ја делиме и судницата, маката и понижувањето.
  • Да ве потсетиме дека лажната надеж е најтежок удар врз човековата психа. Изминативе месеци од Мицкоски ни беше ветена гаранција со имотот на партијата- тоа не бидна !
  • Беше ветен предлог-закон за амнестија- не бидна !
  • Јасно ја поддржуваме евроатланската иднина на Македонија бидејќи сонот и борбата на нашите предци беше интегрирана и прогресивна Македонија. Да го продолжиме нивниот пат!
  • Не сме за никакви политички сојузи со источниот блок, но ги почитуваме верските, културни и јазични врски со одредени источни држави.
  • Бараме итен влез на Македонија во НАТО, за да имаме безбеден територијален интегритет, а не заборавајте дека за оваа територија умираа комитите, партизаните, бранителите.
  • Бараме раководството на партијата да се издигне над своите интереси и да застане на чело на НАЦИОНАЛНОТО ЕДИНСТВО, бидејќи тоа се зборови кои се состојат во името на партијата.
  • Сметаме дека омразата и поделбите ќе донесат нови омрази и нови поделби. Да не им оставиме во наследство на идните генерации омраза и поделба!
  • Недвосмислено подаваме рака и го поддржуваме процесот на НАЦИОНАЛНО ОБЕДИНУВАЊЕ! Простуваме, за да ни простат. Тоа е во духот на Христијанството.
  • Повикуваме и на подавање рака на пријателство со Албанците во Македонија и ајде конечно да го направиме тој храбар чекор и да се издигнеме над сопствените индивидуи.
  • ВМРО е живо. Во овие моменти повикуваме на разум, смиреност и свест. Повикуваме на обединување. Немојте дечињата на пратениците кои гласале да бидат под страв. Тоа се македонски дечиња, тие се наши деца! Немојте тие луѓе кои се ваши и наши пратеници да ги омаловажувате. Затоа што силата за обединување и менаџирање беше кај Христијан Мицкоски.
  • Лути сме и гневни Христијане за предавството од тебе и да знаете дека секој директен или индиректен напад врз било кој од 49те наши пратеници ќе го сметаме и за напад врз нас! Спремни со жив штит да го браниме секој наш брат во овие историски моменти!

За крај, нашата генерација е спремна да прости и да побара прошка од секого. Нека ние бидеме последните притвореници и оваа една година помината во мрачните ќелии нека е последната капка раскол во општеството и завршен чин пред НАЦИОНАЛНОТО ПОМИРУВАЊЕ во најава !!

Да живее Македонија!

27.април ВМРО-ДПМНЕ обвинети проглас
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.