Двете жени обвинети обвинети за убиство на полубратот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се појавија во судот во Малезија, облечени во панцири.

Еден од адвокатите рече дека стравуваат дека е можно во текот на судењето да се соочат со тешка ситуација, бидејќи полицијата со нив не ги споделила доказите што ги поседува.

Обвинетите, Индонежанката Сити Ајша (25) и Доан Ти Хунг (28) од Виетнам, доколку бидат осудени им се заканува смртна казна за убиството на Ким Јонг Нам, на мешународниот аеродром во Куала Лумпур на 13 февруари.

Тие на дипломатите од нивните земји им рекле дека е во прашање шега за телевизиско ријалити шоу, а не убиство.

Нивните адвокати пред судот изјавиле дека полицијата не одговорила на нивните барања да ги видат доказите, меѓу кои се и снимкие од Си Си Ти Ви, изјавите на тројцата осомничени од Северна Кореја на кои им е дозволено да ја напуштат земјата, објави Ројтерс.

Ким Јонг Ум е убиен на 13 февруари на аеродромот во Куала Лумпур кога полицијата забележала две жени како во лице му прскаат исклучително јак нервен отров ве икс.