Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителот Бубевски: Делото на Латас не застарува

0
By Нова ТВ on January 29, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дејствијата на обвинетиот Драган Павловиќ-Латас во предметот на СЈО „Тотал“ не можат да се подведат под кривично дело „даночна измама“, затоа што неговите дејствија се строго определени како „затајувачки дејствија“ изјави за МИА  обвинителот од Специјалното јавно обвинителство, Гаврил Бубевски по тврдењата од невладината организација „Сите за правично судење“ дека делото на новинарот Павловиќ може побрзо да застаре и да се преквалификува како даночна измама.

„ Дејствијата на Драган Павловиќ Латас се отсликуваат во она што е „даночното затајување“ и постапката се води за „даночно затајување“. Застарувањето за тоа кривично дело за кое што се гони обвинетиот почнува да тече од времето на последното дејствие. Последното дејствие е 2015 година, даночната 2015 година, и релативен рок на застареност е 20 години, а апсолутен рок на застареност е 40 години. Значи тогаш застарува апсолутно ова кривично дело што не може да трпи измени и да биде „даночна измама“ затоа што е сосема друго, рече обвинителот Бубевски.

Тој додава дека двете кривични дела се дивергентни – различни во суштината.

Драган Павловиќ-Латас е обвинет во предметот „Тотал“ за давање на  лажни податоци во завршните сметки и даночните пријави на „Тотал маркетинг” ДООЕЛ, „Тотал медија центар” и „Медијамакс” . На овој начин тој затаил данок во износ од  121.414 евра, а лично како физичко лице затаил 63.032 евра.

И за предметот Труст во кој се осудени Сеат Кочан и Владимир Авирович,  Бубевски рече дека застарувањето се смета од највисоката можна казна што може да се изрече.

„Највисоката за тој предмет е 15 години во времето на извршување. Значи, за гонење за која што може да се изрече казна од 15 години казна затвор застарувањето е исто 20 години затоа што е поведена постапката во тие 20 години, застарувањето е двојно – 40 години. Значи, „Труст“ би застарел, евентуално во 2051 година. И апсолутно нема стравување од застарување на тие два предмети, појаснува обвинителот Бубевски.

Од коалицијата „Сите за правично судење“ вчера изјавија дека  може да се направи преквалификација на делото  „Тотал“ кое според обвинението повеќе се поклопува со новиот член– даночна измама, за кое се предвидени пониски казни. Исто така изјавија дека делото може да застаре.

 

Латас СЈО Тотал Труст
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.