Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителство по теркот на Мицкоски

0
By Zoran Ivanov on February 21, 2026 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, February 21, 2026 12:45

Кога минатото се користи како аргумент за елиминација, тогаш изборот на државен јавен обвинител не е  одлука за правен механизам во служба на граѓаните и државата туку партиски реваншизам од позиција на премиер.

Биљана Јордановска

Одлуката Ленче Ристоска да биде елиминирана од трката за државен јавен обвинител не е обично кадровско прашање. Таа е симптом. Симптом на модел во кој политичката проценка ја надминува институционалната процедура.

Советот на јавни обвинители ја вброи Ристоска меѓу кандидатите што ги исполнуваат условите. Формалните критериуми беа исполнети. Професионалниот стаж и искуство – неспорни. Но уште пред да заврши процесот, премиерот Христијан Мицкоски јавно порача дека таа „ не е во игра“.

Тоа не е техничка изјава. Тоа е политичка порака.

Од институционална процедура до политичка проценка

Кога шефот на извршната власт однапред сигнализира кој кандидат не е прифатлив, процесот престанува да биде натпревар на програми и визии. Тој станува филтер на политичка подобност.

Ристоска, поранешна обвинителка во Специјално јавно обвинителство, е симболично поврзана со периодот на истраги против високи функционери. Тој период денес е предмет на жестока политичка ревизија. И токму тука лежи суштината на проблемот: дали нејзината елиминација е резултат на професионална анализа или на политичка меморија? Одговорот е јасен. Особено кога истата кандидатка води два предмети против ВМРO – ДПМНЕ.

Ристоска директно праша по кои критериуми е исклучена од процесот и нагласи дека изборот мора да се темели на квалитет, а не на перцепција или политичка неподобност. Нејзината порака беше јасна:

Ако однапред сте елиминирани без анализа на програмата и професионалниот интегритет, тогаш проблемот не е во кандидатот – туку во системот.

СЈО како алатка за ревизија

Во последните месеци владејачката ВМРО-ДПМНЕ повторно го отвори прашањето за легитимитетот на СЈО. Наместо фокус на идни реформи, дебатата се врати на симболиката на минатото.

СЈО, со сите свои слабости и контроверзии, беше формирано во време на длабока институционална криза. Но денес неговото наследство се користи како аргумент за дисквалификација на луѓе што биле дел од тој механизам. Наместо анализа на системските пропусти, сведоци сме на персонализирана политичка пресметка. СЈО потфрли, но какво општество требаше да ослободи од канџите на корупцијата и не беше чудно што на крајот се распадна скандалозно и коруптивно.

Но, кога минатото се користи како аргумент за елиминација, тогаш изборот на државен јавен обвинител не е  одлука за правен механизам во служба на граѓаните и државата туку партиски реваншизам од позиција на премиер.

Изборниот контекст и СЈО

Ова не се случува во политички вакуум. Северна Македонија беше во изборен циклус, од кој уште не е излезена, а довербата во институциите е иста ако не и полоша. Во таков контекст, контролата врз обвинителството има клучна улога.

Изборот на државен јавен обвинител не е административна позиција. Тоа е функција што ја дефинира борбата против корупцијата, гонењето на злоупотребите и сигналот што државата го испраќа кон граѓаните и меѓународните партнери.

Извештаите на Европска комисија со години укажуваат дека независноста на правосудството е клучен услов за напредок. Но независноста не се мери со декларации – туку со процеси.

Обвинителство по теркот на власта

Кога процесот почнува со политичка дисквалификација, исходот станува секундарен. А во Северна Македонија тоа не е исклучок, туку правило.

Обвинителството не смее да биде обликувано според теркот на било кој политички лидер – денес или утре. Зашто ако еднаш се воспостави принципот дека „не сте во игра“ поради политичка перцепција, тогаш секој следен обвинител ќе работи со свест дека кариерата му зависи од политичкиот контекст, а не од законот. А нашите обвинители одамна работат и калкулираат според политичката/партиската волја.

Во таа насока се поставува прашањето правдата дали некогаш била независна гранка на власта или отсекогаш продолжена рака на изборната математика.

И тука е вистинската дилема:

Има ли Северна Македонија можност некогаш да изгради систем што ќе биде посилен од политичарите — или секогаш ќе крои систем според партискиот терк?

Ако обвинителството се моделира по теркот на премиерот, тогаш не станува збор за избор на кандидат. Станува збор за избор на модел на држава. А Мицкоски моделира консензуално и преку дијалог, се разбира, сè додека тој, како премиер, го има последниот збор.

 

Биљана Јордановска обвинител политика
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.