Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Обвинителството ќе ја испитува улогата на Иванов за крвавиот четврток

0
By Нова ТВ on August 25, 2017 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 25, 2017 16:00

Со нетрпение очекуваме одговор од обвинителството за улогата на господинот Живаљевиќ во настаните во Собранието, велат од Кабинетот на претседателот Ѓорѓе Иванов по најавата дека Обвинителството за организиран криминал и корупција дека ќе ја истражува вмешаноста на шефот на државата во настаните во Собранието на 27 април.

Кабинетот на претседателот на Република Македонија соопшти дека го поздравува интересот на јавното обвинителство и смета дека е тоа вистинскиот начин да се утврдат фактите и вистината, затоа што деновиве во јавноста се присутни лажни вести и лажни информации.

„Со нетрпение очекуваме одговор од обвинителството за улогата на г. Живаљевиќ во настаните во Собранието. Јавноста треба да знае кој го пратил, што превземал, со кого бил и дали имал одобрение од надлежен државен орган за влез во Собранието на критичниот ден.
Кабинетот на Претседателот уште еднаш ги повторува претходно искажаните ставови дека не е надлежен орган за известување и одобрување на влез во Собранието на Република Македонија и дополнува дека не е „дежурна служба за давање алиби”. Македонските граѓани имаат право да ја знаат вистината. Со овој став и претходно кажаното за нас случајот е затворен и ќе го чекаме резултатот од јавното обвинителство“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот.

Разузнавачот од српската БИА, Горан Живаљевиќ, пред два дена за агенцијата Танјуг изјави дека на 27 април на крвавиот четврток во Собранието присуствувал со одобрение на советникот за безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, Синиша Алексовски.

-Моето присуство во Собранието не беше ни тајно ни скриено. Мојата мисија не беше ниту тајна, ниту недобронамерна, а над се македонските служби беа упатени во тоа, вели тој во првото обраќање во јавноста. Моето пријавување за активност таа вечер на 27 април беше насочено на самиот Кабинет на претседателот и на неговиот советник за безбедност, рече Живаљевиќ.

Оваа изјава на Живаљевиќ ја демантираа од Кабинетот на Иванов, од каде рекоа дека српскиот разузнавач не побарал дозвола, туку „по завршување на дејствијата и активностите во Собранието“, испратил пораки до лица вработени во институциите, меѓу кои и до советникот за безбедност на претседателот Ѓорге Иванов, дека бил во Собранието со цел да обезбеди алиби и да ја намали одговорноста за своето постапување“.

Од Кабинетот на претседателот на државата изјавија дека посочениот советник на Претседателот Иванов не е овластено лице за пријавување на движење и престој на странски претставници и тој во конкретниот случај постапил согласно безбедносните протоколи, за што изготвил и архивирал извештаи проследени до надлежните претпоставени.

 

Горан Живаљевиќ Ѓорѓе Иванов Јавно обвинителство Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.