Од три до пет години затвор ќе биде казнети вработените во полицијата ако вршат притисок врз граѓаните поврзан со изборите, рече денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при посетата на СВР Тетово.
„Не смее да има никакви притисоци врз граѓаните на претстојните избори. Нема да дозволиме било каква злоупотреба. Ниту еден полициски службеник не смее да се вклучува во политички кампањи и не смее да се злоупотребуваат ниту човечки ресурси, ниту материјално – технички средства за претстојната кампања на било која од политичките партии“, рече Спасовски.
Тој апелираше до граѓаните од Тетово, Гостивар и околните места доколку имаат било каков притисок од припадник на полицијата, од раководни структури во МВР или притисок од кој било државен службеник, на пример, директори на центри за социјални работи, директори на други институции да пријават навремено во Министерството за внатрешни работи.