Заклучно до денес, до Државната изборна комисија се пријавиле вкупно 595 граѓани чиишто записи во Избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, односно има несовпаѓање на податоците во Избирачкиот список.
Од нив, 142 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии и дополнителните канцеларии на ДИК, додека 453 за пријавување ја искористиле веб апликацијата на интернет страницата на ДИК.
Најмногу апликации се поднесени во Чаир, потоа општина Центар и Аеродром.
Рокот за пријавување и понатаму е во тек, а граѓаните може да се проверат себе си на списокот кој го објави ДИК притоа пополнувајќи апликација со валиден документ за регистрација во Избирачкиот список.