Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денеска на 14 пунктови ќе се земаат брисеви за коронавирус

0
By Нова ТВ on March 23, 2020 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Од денеска почнуваат да функционираат вкупно 14 пунктови за тестови за коронавирус на територијата на целата држава. Материјали и брисеви во Скопје ќе може да се дадат во поликлиниките „Чаир“ и „Јане Сандански“, а во текот на денот ќе бидат објавени информации и останатите места ширум Македонија.

„Ќе се тестираат граѓани по епидемиолошки индикации и со закажување по претходна најава кај матичен лекар кој ќе треба да пополни алгоритам што ќе укаже на тоа дали граѓанинот треба да биде тестиран или не. По вчерашниот координативен состанок со Здружението на матичните лекари тие целосно се вклучија во поддршка на овој систем на идентификација на рано откривање, зголемување на пристапот на пациентите односно граѓаните прво до дијагностика, а потоа и до спроведување и извршување на тестовите“, соопшти вчера на прес-конференција министерот за здравство, Венко Филипче.

Повтори дека кол-центарот е веќе во функција од викендот и оти за време на работните денови ќе работи и со зголемен капацитет на луѓе со цел да се избегне чекањето.

Во текот на денешниот ден, како што најави Филипче, по истекувањето на 14 дена од воспоставување на дијагнозата кај шест пациенти ќе се земе контролен брис.

„Пет од нив се наоѓаат во добра состојба, а кај пациентката која имаше влошување на состојбата и беше поставена на респираторна машина, таа е во непроменета состојба во однос на неколкуте претходни денови“, рече Филипче.

За воведувањето на полициски час, министерот Филипче појасни дека тој не важи за здравствени работници со соодветен терк, припадници на МВР, на Армијата.

„За сите други компании што мора редовно да ги спроведуваат обврските во интерес на граѓаните, како и производствените капацитети за храна кои имаат и работно време во текот на ноќта, донесен е заклучок дека самите ќе издаваат пропусници кога имаат вработени во три или четири смени и согласно тие пропусници тие ќе може да се движат кон нивните работни места“, рече Филипче.

Венко Филипче Коронавирус Македонија Пунктови тестови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
ФОКУС

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

ВЕСТИ November 17, 2025

Обвинителството во Милано ја проширува истрагата за т.н. „Сараево Сафари“ – наводната организирана шема во…

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025
ТИКЕР

Бангладеш: Екс премиерката Хасина осудена на смрт поради брутално задушување на студентските протести

November 17, 2025

САД го продолжуваат рокот за продажба на странските средства на „Лукоил“

November 17, 2025

45 индиски аџии загинаа кога им се запали автобусот на пат од Мека за Медина

November 17, 2025

Туск: Експлозијата на железничката пруга Варшава – Лублин е саботажа

November 17, 2025

Рударска несреќа во Конго – загинаа 49 рудари

November 17, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.