Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од денеска па до недела во ЕУ избори за нов состав на Европскиот парламент

0
By Marija Todorovska on June 6, 2024 ВЕСТИ
Фото: europarl.europa.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 6, 2024 09:59

Од денеска, па до недела во ЕУ ќе се одржат избори за новиот состав на Европскиот парламент. Согласно последните измени во структурата на ЕП, бројот на европратеници се зголемува од досегашните 705 на 720.

Изборите започнуваат денеска со гласање во Холандија, утре во Ирска, утре и задутре ќе гласаат граѓаните на Чешка, в сабота евроизборите ќе се одржат во Летонија, Малта, Словачка и во француските прекуморски департмани и територии, а во сабота и недела во Италија. Во останатите 20 членки на ЕУ, вклучително и во европскиот дел на Франција, изборите за европратеници ќе се одржат в недела на 9 јуни.

Најголем број европратеници или 96 се избираат во Германија, по што следува Франција со 81, Италија со 76, Шпанија со 61, Полска со 53, Романија со 33, Холандија со 31, Белгија со 22, Грција, Португалија, Унгарија, Чешка и Шведска со по 21, Австрија со 20, Бугарија со 17, Данска, Словачка и Финска со по 15, Ирска со 14, Хрватска со 12, Литванија со 11, Летонија и Словенија со по девет, Естонија со седум и Кипар, Луксембург и Малта со по шест членови во Европскиот парламент.

Согласно правилата на ЕУ, изборните системи по кои се бираат европратениците мора да обезбедат пропорционална застапеност, изборните модели се разликуваат од земја до земја. Во најголемиот дел членки целата територија на државата е една изборна единица, а во четири има по неколку изборни единици (Белгија и Ирска по три, Италија – пет и Полска – 13). Во некои членки на ЕУ, пред се во поголемите, изборите се спроведуваат со затворени листи (Германија, Португалија, Романија, Унгарија, Франција и Шпанија), а во останатите со отворени или полуотворени листи.

Во десетина земји има утврден изборен праг за учество во распределбата на пратеничките места, додека во најголемиот број останати членки има природен праг, врз основа на бројноста на мандатите. Во 16 земји мандатите се распределуваат по Д’Онтовиот модел, во шест според моделот на најголем остаток, во три според Сен Лаговиот модел и во две (Ирска и Малта) со моделот на единствен пренослив глас.

Во 23 земји членки на ЕУ право на глас имаат сите граѓани со навршени 18 години, на Малта со 17, а во Австрија, Белгија и Малта со 16 години. Во 15 држави право да се кандидираат на изборите имаат граѓаните со наполнети 18 години, во девет со 21 година, во Романија со 23, а во Грција и Италија со 25 години.

Последните анкети на јавното мислење во пресрет на Европските избори покажуваа дека најмногу европратеници, односно меѓу 176 и 180, би освоила десноцентристичката група на демохристијански и умерени конзервативни партии, Европска народна партија (ЕПП), пред Прогресивната алијанса на социјалистите и демократите (СД), која ја сочинуваат социјалдемократската Партија на европските социјалисти (ПЕС) и неколку лево центристички, прогресивни и левичарски партии кои не се членки на ниту една европска партиска групација, која според истражувањата би освоила меѓу 138 и 143 мандати.

Трета би била групата „Да ја обновиме Европа“ што ја сочинуваат либералната Алијанса на либералите и демократите во Европа (АЛДЕ), центристичката Европска демократска партија (ЕДП) и независни либерални и центристички партии, меѓу кои најзначајна е Ренесанса (РЕ) на францускиот претседател Емануел Макрон, која се предвидува да освои меѓу 84 и 86 мандати.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан синоќа во Брисел разговараше со неговата италијанска колешка Џорџа Мелони, пред средбата со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти неговиот кабинет.

Натаму следува групата Европски конзервативци и реформисти (ЕЦР) предводена од италијанската премиерка Џорџа Мелони, која ја сочинуваат членки на национал-конзервативната и десничарска Партија на европските конзервативци и реформисти (ЕЦРП), конзервативното Европско христијанско политичко движење (ЕЦПМ) и неколку националистички, десно популистички, конзервативни и евроскептични партии без европска партиска афилијација и која се предвидува да освои од 75 до 81 мандати, пред групата на националистички, десно популистички, екстремно десничарски и евроскептични партии Идентитет и демократија (ИД), предводена од францускиот Национален собир (РН) на Марин Ле Пен и Лигата на италијанскиот вицепремиер Матео Салвини, со 68 пратеници. Но, по исклучувањето од ИД на Алтернативата за Германија (АФД), на која и се предвидуваат 14 до 16 европратеници, веќе има најави за прегрупирање меѓу партиите на десницата, со што не исклучено поголемиот број од членките на ЕЦР и ИД да завршат во една група, која би била трета по бројност, а АФД да формира нова екстремно десничарска групација.

Групата Зелени – Европска слободна алијанса (Зелени/ЕФА), што ја сочинуваат еколошката Европска зелена партија (ЕГП), Европска слободна алијанса (ЕФА), која обединува регионални и малцински партии, како и Европската пиратска партија (ППЕУ), социјал-либералната Волт Европа (Волт) и партијата Политика на животните ЕУ (АПЕУ), би требало да освои 56 или 57 европратеници, а на групацијата „Левица во Европскиот парламент“, во која членуваат социјалистичката, комунистичка и лево популистичка Партија на европската левица (ПЕЛ), социјалистичката и еколошка Нордиска зелено лева алијанса (НГЛА), лево популистичкото движење Сега народот! (МЛП) и неколку комунистички, социјалистички и троцкистички партии без европска партиска припадност, може да очекува меѓу 39 и 43 мандати.

Останатите од 67 до 78 места би им припаднале на партии кои не се членки на ниту една група, меѓу кои позначајни се веќе споменатата АФД, италијанското популистичко Движење Пет ѕвезди (М5С), национал-конзервативната и десно популистичка Фидес на унгарскиот премиер Виктор Орбан, двете словачки партии исклучени од СД/ПЕС – лево популистичката и националистичка Насока-Социјална демократија (Смер-СД) на премиерот Роберт Фицо и социјалдемократската Глас-Социјална демократија (Хлас) на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини, како и новоформираната германска Алијанса на Зара Вагенкнехт (БСВ). Италијанското М5С преговараше со Зелените за пристапување кон оваа група, но преговорите не вродија со плод, додека Фидес најави дека по изборите би сакала да се приклучи кон ЕЦР, што не наиде на поддршка на сите членки на групацијата. Зара Вагенкнехт, пак, најави амбиција нејзината БСВ да формира нова левичарска група во Европскиот парламент.

Инаку, пратеничка група во Европскиот парламент може да формираат најмалку 23 пратеници, кои при тоа мора да доаѓаат од најмалку една четвртина од земјите членки на ЕУ или во сегашниот случај од најмалку седум.

Паралелно со евроизборите, во неколку членки на ЕУ ќе се одржат и национални парламентарни, регионални или локални избори. Така, во Бугарија ќе се одржат и парламентарни избори, во Белгија и избори за членови на Федералниот парламент и за регионалните парламенти на Брисел, Валонија и Фландрија, а во Италија ќе се гласа и на локални, како и на избори за членови на Регионалниот совет на Пијемонт. Локални избори заедно со европските се предвидени и во Ирска, Кипар, Малта, Романија, Унгарија и во германската покраина Хамбург.

Европски парламент ЕУ избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 16, 2026

„Вака се казнуваат и се замолчуваат вработените во правосудството“ — остри критики за предлог-законите за судска и обвинителска служба

ВЕСТИ June 16, 2026

Или да се повлече целиот Предлог-закон или излегуваме на генерален штрајк, се слушнаа најави на…

Техеран: Го отворивме Ормундскиот премин – минаа првите бродови

June 16, 2026

Институт Ројтерс: За прв пат социјалните мрежи прераснаа во доминантниот извор на вести во светот

June 16, 2026

Ваташа: “Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!” – 83 години од Ваташкиот масакар

June 16, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.