Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од Германија се сели во Италија: Чалханоглу во Милан до 2021 година

0
By Нова ТВ on July 4, 2017 СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во февруари беше суспендиран на четири месеци, минатата недела ги договори личните услови, мина лекарски прегледи и од денеска е нов член на Милан. Хакан Чалханоглу (23) реши да го напушти Баер Леверкузен и ја прифати четиригодишната понуда од „Сан Сиро“ вредна 20 милиони евра и дополнителни четири во вид на бонуси за ставање крај на сагата околу наредната станица во неговата кариера.

„Зад мене се четири тешки месеци. Среќен сум што, конечно, завршија и што пристигнав во Милан. Благодарност за укажаната прилика да играм на „Сан Сиро“. Ова е голем клуб со голема традиција и со играчи во минатото како Бекам, Кака, Гатузо, Роналдињо, Малдини. Ќе дадам максимум од моите можности за клубот, за екипата, за навивачите. Ме чека многу работа“, рече Чалханоглу.

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) во февруари го суспендира Чалхаоглу на четири месеци за прекршување на договор од 2011 година. Пред казната одигра 15 меча за „фармацевтите“ во Бундеслигата и уште шест во Лигата на шампиони со ефект од седум гола и седум асистенции.

„Посакувам да имаме добар почеток на сезоната. Нè чека и важен натпревар во Лига Европа. Се надевам дека ќе бидеме меѓу најдобрите три екипи во Серија А. Убеден сум дека можеме“, дополни турскиот интернационалец.

Чалханоглу е шесто летно засилување на Милан. Меѓу „росонерите“ претходно се придружија Фабио Борини, Матео Мусачо, Фрeнк Кеси, Андре Силва и Рикардо Родригез.

Милан трансфер фудбал Хакан Чалханоглу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.