Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Од искористени патики до маски за заштита од загадениот воздух

0
By Нова ТВ on January 31, 2017 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 31, 2017 12:10

Воздухот во Кина е еден од најзагадените во светот, така што и маските за заштита станаа практика во најнаселената земја во светот.

Како што се зголемува трендот на користење, така се развива и модата со нив. Од Париз до Шангај, дизајнерите во маските вметнуваат разни парчиња и шаренила.

Венг Жиун, дизајнер од Пекинг сетоа тоа го крева на малку повисоко ниво. Од искористени патики, креира модерни маски. Концептот е преку нив да се покрене свеста кај Кинезите за високо загадениот воздух.

– Маските оставаат впечаток, но тие исто така покажуваат дека преку основни работи што ги користеме во секојдневието можеме да го промениме животот, вели Жиун.

Тој смета дека ако барем малку успеал да ја покрене свеста за здрава животна средина, тој е задоволен.

Од 2014 година почнува да прави заштитни маски а досега има дизајнирано колу 20 различни типови.

Неодамна тој произведе маска од патики на популарниот Канје Вест, кои на И-беј достигнуваат и до10.000 долари. Тој ги купил за 700 долари.

– Не ги ни носев. Ги купив и ги распарчив за да ја сошијам маската, потенцира дизајнерот.

Кога маската („Јизи“) ја огласил на И-беј во Кина, добил понуда и од 5.000 долари.

Но иако трансакцијата на парите била блокирана од И-беј поради прекршување на одредени регулации, тој е задоволен што истата стигнала на Запад.

– Многу сајтови од Запад кои се посветени на модата, ја презентираа „Јизи“ маската, а многу други мои маски исто така привлекоа внимание. Почнаа луѓе да ме прашуваат каде може да ги купат, раскажува Венг.

Дизајнерот од Пекинг потенцира дека маските не ги прави за од нив да извлече профит, туку институциите и луѓето да се фокусираат на загадениот воздух во Кина.

Венг Жиун претходно работел како графички дизајнер во Пума и Сачи&Сачи, а дизајнирал претходно и Најк патики по своја креација.

Денес за да изработи една маска потребни му се околу пет дена.

Досега спортскиот бренд Пума и брендот за часовници Своч го контактирале да работи на нивни проекти.

воздух загаден воздух идеја Кина маска патики проект
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
August 1, 2026

Девет мртви – четири деца: Русија пак го нападна Кијив

ВЕСТИ August 1, 2026

Девет луѓе загинаа во нов ноќен напад со балистички ракети врз Киев, додека Русија ги…

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

July 29, 2026

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.